No Image x 0.00 + POST No Image

Архитектура, мебел, мода – Вештачката интелигенција ја менува секоја страна на дизајнот

SHARE
25

Дизајнот отсекогаш бил уметност и наука во исто време. Но, со навлегувањето на вештачката интелигенција, архитектурата, модата и мебелот се наоѓаат на крстопат. Некои дизајнери ја гледаат ВИ како закана по човековата креативност, други како алатка што може да ја засили иновацијата – но, едно е сигурно: промени се веќе видливи во сите области. Три реномирани дизајнери откриваат како ВИ им ги трансформира практиките и размислувањата.

Архитектура, мебел, мода – Вештачката интелигенција ја менува секоја страна на дизајнот

Првиот индустриски стол дизајниран со АИ – Филип Старк: „Алгоритмите ми помогнаа да ја откријам суштината на формата“

„Во 2019 година, мојот „AI стол" стана првото масовно произведено парче мебел создадено со помош на вештачка интелигенција. Го претставив заедно со италијанската компанија Kartell, а приказната почна уште во 2017, кога посакав да излезам од рамките на својот творечки свет и да експериментирам без човечки и културни влијанија. Компјутерот се бореше две години со разбирање на човечкото тело, а вистинското решение дојде кога му ги објаснив принципите на природата – дека фетусот не создава прсти со додавање, туку со одземање материја. За неколку минути произведе дизајн каков што бев барал долго време“.

Првиот индустриски стол дизајниран со АИ – Филип Старк: „Алгоритмите ми помогнаа да ја откријам суштината на формата“

Норма Камали, модна дизајнерка: „Моето архивско наследство оживеа преку ВИ“

„Технологијата отсекогаш ме фасцинирала, а со ВИ можев сопствениот архив со 57-годишна историја да го направам дигитално бесмртен. Со помош на специјална програма, моите модели се категоризирани според сите детали. Кога ќе ја внесам идејата по писмен опис, ВИ веднаш наоѓа слични парчиња од архивата и ми нуди сосема нови верзии. Така стариот црно-беж фустан, што неодамна го виде и Џесика Бил, преку ВИ доби додатоци што никогаш немаше да ми паднат на памет. Доколку клиентите не се информирани, не забележуваат разлика меѓу моите и ВИ креациите – се продаваат подеднакво. „Иако знам дека ВИ може да загрози работни места, сигурна сум дека ќе отвори нови патеки за креација. Ја завршив обука за создавање квалитетни упатства за ВИ и сега користам се што имам научено“.

Норма Камали, модна дизајнерка: „Моето архивско наследство оживеа преку ВИ“

Тим Фу, архитект: „Првата ВИ-дизајнирана архитектура во светот инспирирана од локалното наследство и нови алгоритми“

„Во архитектурата, ВИ веќе помага за се – од составување на рендери до оптимизација на распоредите на просториите. Во моето студио Tim Fu Studio развивме системи што на пример максимизираат сончева светлина или корисен простор, а еволутивните алгоритми брзо сугерираат најдобри решенија. За нов луксузен ресорт на езерото Блед во Словенија, ВИ ги анализираше локалните мотиви и ги претвори традиционалните крактеристики во стаклени атриуми. Со ВИ, визуелниот стил се гради преку корелација на обрасците, а архитектите само избираат што најмногу им одговара на проектот. Архитектите се уште бавно прифаќаат дека има делови од нивната работа кои машините ги прават подобро. Во нашата компанија вреднуваме и тестирање на ВИ-промптирање, и секојдневно цртаме на хартија. Како и секоја технологија, луѓето се воздржани, па дури и ја забрануваат ВИ, но тоа нѝ дава предност – нашите проекти се побрзи и подобри“.

Тим Фу, архитект: „Првата ВИ-дизајнирана архитектура во светот инспирирана од локалното наследство и нови алгоритми“