No Image x 0.00 + POST No Image

Вереницата на Елвис Присли го откри неговиот бизарен фетиш и последните зборови што ги изговорил пред да го најде мртов

SHARE
0

Џинџер Олден остана запаметена како последната голема љубов на кралот на рокенролот, Елвис Присли, но и како жената што последна го видела жив пред неговата прерана смрт во август 1977 година на имотот Грејсленд. Нивната приказна траела кратко, но во неа имало веридба, силна страст, тензии, необични барања и една ноќ што завршила со вест која го потресе светот.

Вереницата на Елвис Присли го откри неговиот бизарен фетиш и последните зборови што ги изговорил пред да го најде мртов

По само неколку месеци врска, Џинџер и Елвис веќе планирале свадба

Џинџер и Елвис се вериле по само неколку месеци интензивна врска. Иако нивната романса траела релативно кратко, таа била исполнета со силни страсти, но и со необични навики на музичката икона. Во своите мемоари таа детално ги опишува бизарните барања на Присли, кој имал опсесија со чистењето, дисциплината и специфични облеки што барал неговите партнерки да ги носат.

По само неколку месеци врска, Џинџер и Елвис веќе планирале свадба

Зависноста од лекови за смирување и несоницата ја разнишале веридбата

Покрај чудните навики, кралот на рокот се борел со тешка зависност од лекови за смирување и несоница, што довело до сериозни кавги и тензии меѓу нив. Поради неговото нестабилно однесување, Џинџер во еден момент дури и ја довела во прашање нивната претстојна свадба.

Зависноста од лекови за смирување и несоницата ја разнишале веридбата

„Одам во бањата да читам, не грижи се, набрзо се враќам во кревет“

Таа се присети и на последната ноќ пред трагедијата. Елвис не можел да заспие и и рекол дека оди во бањата да чита книга. Неговите последни зборови упатени кон неа биле: „Одам во бањата да читам, не грижи се, набрзо се враќам во кревет“. Неколку часа подоцна, откако се разбудила и видела дека светлото во тоалетот сè уште свети, Џинџер влегла внатре и го затекнала пејачот како лежи неподвижен на подот. Иако веднаш повикала брза помош, лекарите можеле само да констатираат смрт од срцев удар на 42-годишна возраст. Така згасна животот на една од најголемите музички легенди на 20. век.

„Одам во бањата да читам, не грижи се, набрзо се враќам во кревет“

-->