No Image x 0.00 + POST No Image

Ваква ќе биде иднината на инфлуенсерите – од гламур до гротеска во 2050 година со дамкава кожа, ќелавици и зашилена „вештерска“ брадa

SHARE
0

Денешните инфлуенсерки како Zoella и Molly–Mae Hague се симболи на гламурот, но експертите предвидуваат мрачна и шокантна трансформација веќе за 25 години. Замислете дека гордоста на Инстаграм утре е предупредувачка слика на интернет-зависноста: дамкава кожа, искривен грб, истоштено лице и сурово забрзано стареење.

Ваква ќе биде иднината на инфлуенсерите – од гламур до гротеска во 2050 година со дамкава кожа, ќелавици и зашилена „вештерска“ брадa

Ава: Гротескната замисла на идната инфлуенсерка според експертите и медицинските истражувања

Casino.org ја креираше „Ава“ — гротескна кукла-инфлуенсер за 2050 година: со дамкава кожа, искривен грб и зашилена „вештерска“ брада како последица од години инјекции со филери.„Ава е лице на утрешниот инфлуенсер, но и денешно предупредување“ велат експертите. Таа е резултат на години трчање по алгоритми и опсесија со стандарди за убавина — нејзиното тело го носи товарот на тој дигитален живот.

Ава: Гротескната замисла на идната инфлуенсерка според експертите и медицинските истражувања

90 часови неделно пред екран – новото проклетство

Според извештајот на BBC од 2023 година, некои инфлуенсери работат дури 90 часа неделно, најчесто свиткани над своите смартфони. Овој животен стил води кон заоблени раменици, хронична болка во вратот и перманентно наведната глава. Дневните слоеви шминка и честата промена на козметика водат до контактни дерматити, иритации и дамкава кожа.

90 часови неделно пред екран – новото проклетство

Предвремено стареење поради дигиталниот живот: вдлабнати очи, воспалена кожа, замаглен вид и хроничен замор

Покрај шминката и долгото гледање во LED светлина, инфлуенсерите страдаат од „дигитално стареење“ – појава која носи промена на пигментацијата, фини брчки и трајни воспаленија. Часовите пред екран ги разоруваат очите со темни подочници, хронична црвенила, сувост и замаглен вид. Нередовниот сон води до хронична исцрпеност, сува и проретчена коса и подуени долни очни капаци.

Предвремено стареење поради дигиталниот живот: вдлабнати очи, воспалена кожа, замаглен вид и хроничен замор