No Image x 0.00 + POST No Image

Човек со попреченост кој посетил повеќе од 50 земји открива како патува низ светот и покрај тоа што е врзан за инвалидска количка

SHARE
25

Од јавање камила во пустината Сахара до параглајдерство во Алпите, Кори Ли од Џорџија, САД, не дозволил неговиот инвалидитет да биде препрека да го види светот. На возраст од две години му дијагностицирале спинална мускулна атрофија, болест поради која со текот на времето мускулите ослабуваат. На четири години ја изгубил способноста да оди и почнал да користи електрична количка – но уште тогаш решава дека тоа нема да го спречи да го живее својот сон да патува.

Човек со попреченост кој посетил повеќе од 50 земји открива како патува низ светот и покрај тоа што е врзан за инвалидска количка

Дијагноза која не ја прифатил како ограничување: На две години спинална мускулна атрофија, на четири години во количка

„Многу луѓе низ животот ми кажувале дека не можам да правам одредени работи поради мојот инвалидитет, но секогаш кога ќе го слушнам тоа, едноставно сакам да им докажам дека не се во право“, вели Кори во интервју за Daily Mail. Првото негово патување вон Америка било со 15 години на Бахамите, каде за првпат го почувствувал возбудувањето од истражување на нови места, вкусување нови јадења и запознавање со локални жители. „Патувачкиот вирус сигурно ме зарази тогаш“ – се сеќава Ли.

Дијагноза која не ја прифатил како ограничување: На две години спинална мускулна атрофија, на четири години во количка

Триумф над ограничувањата: 55 земји, 7 континенти и безброј авантури во инвалидска количка

Дваесет години подоцна, Кори има посетено 55 различни земји и сите седум континенти. Поминал низ Амазонската шума во Еквадор, бил на осумдневно сафари во Африка и се восхитувал на Таџ Махал во Индија. Помеѓу егзотичните искуства се и јавање камила во Сахара, параглајдерство во Швајцарија, и многу повеќе – ништо не го спречува, иако е во количка.

Триумф над ограничувањата: 55 земји, 7 континенти и безброј авантури во инвалидска количка

Секое патување бара детално планирање и носи ризици кои другите патници ги немаат

„Тешко е, не знам дали нешто навистина ќе биде пристапно за мене додека не стигнам таму, па морам да правам многу телефонски повици и да испраќам многу мејлови при планирање патување“, објаснува тој. За меѓународни патувања, често планира 6-12 месеци однапред, само за да ги добие сите информации за пристапност кои му се потребни. Признава дека е нервозен пред секое патување бидејќи има многу варијабли што можат да тргнат наопаку, но на крајот вреди секој труд.

Секое патување бара детално планирање и носи ризици кои другите патници ги немаат

Многу проблеми поради инвалидитетот: Расипана количка и хотел кој не бил достапен

„Имав ситуации каде авиокомпанијата ми ја оштетила количката, па морав да се грижам за поправка додека сум на пат. На првата вечер во Европа, во Минхен се обидов да ја наполнaм количката со адаптер, полначот експлодираше и веднаш морав да барам сервис да купам нов“, открива Ли. Раскажува и за хотели што не биле толку пристапни како што ветиле. Патувањето со количка е и поскапо. „Тоа е неправедно - пристапниот превоз, турите, хотелите се често поскапи од стандардните. Во заедницата на луѓе со инвалидитет го нарекуваме „данок на инвалидитетот““.

Многу проблеми поради инвалидитетот: Расипана количка и хотел кој не бил достапен

Инвалидноста не е пречка за ништо, а пристапноста користи на сите

Кори Ли ги документира своите патувања на блогот „Curb Free with Cory Lee“ и на Инстаграм каде го следат над 57.000 луѓе. Решен е да покаже дека инвалидноста не е и не треба да биде кочница: „Неверојатно е да можам да патувам и да им покажам на сите – со и без инвалидитет – што сè е можно. Сакам лицата со инвалидитет да излезат од својата зона на комфор, а оние без инвалидитет да сфатат дека можеме да имаме одлични животи... ако има пристапност. Инвалидноста е единствено малцинство кое секој може да му се приклучи во секое време. Со овозможување пристапност, не помагате само на мене, туку и на себе еден ден.“

Инвалидноста не е пречка за ништо, а пристапноста користи на сите