Ursula Andress
Првата девојка од филмовите “Џејмс Бонд 007 '' била жтрва на финансиска измама. Италија заплени милиони за кој се тврди дека се украдени од Урсула Андрес.
Ursula Andress
Италијанската финансиска полиција заплени средства во вредност од околу 20 милиони евра како дел од истрагата за финансиска измама, наводно насочена кон швајцарската актерка Урсула Андрес, позната по нејзината улога во првиот филм за Џејмс Бонд, „Д-р Но“.
Ursula Andress
Се верува дека средствата се стекнати преку кривични дела за перење пари направени на штета на актерката, соопшти Guardia di Finanza. Заплената вклучува луксузен селски имот во Сан Каскано во Вал ди Песа, на периферијата на Фиренца, со лозја и маслинови градини, како и уметнички дела и друг финансиски имот, додала полицијата. Андрес поднела кривична пријава во Швајцарија, тврдејќи дека била жртва на измама од страна на луѓе кои управувале со нејзините финансии преку серија „крајно нетранспарентни“ трансакции, соопшти Guardia di Finanza.