No Image x 0.00 + POST No Image

Врската меѓу Мис Палестина и осуден терористички лидер излезе на виделина пред изборот за Мис Универзум

SHARE
20

Надин Ајуб, првата Мис Палестина што ќе се натпреварува на Мис Универзум, се покажа дека менува идентитети, ја крие личната историја, брише траги од интернет, а најшокантно од сè – била омажена за синот на Марван Баргути, најбараниот затвореник и лидер на Фатах, кој издржува пет доживотни казни за терористички напади. Со сопругот има син, именуван по затворениот командант, а дел од животот го поминала во палестинските територии и Дубаи, активно вклучена во семејниот круг на Баргути.

Врската меѓу Мис Палестина и осуден терористички лидер излезе на виделина пред изборот за Мис Универзум

Надин Ајуб ја криеше врската со семејството Баргути: Омажена за синот на осудениот Марван Баргути и има дете по него

Објави на социјалните мрежи и стари фотографии откриваат дека Ајуб во 2016 година се омажила за Шараф Баргути, син на Марван Баргути – водачот на Фатах осуден на пет доживотни казни од Израел за терористички напади во кои загинале петмина. Три години подоцна добиле син кој го крстиле Марван, директна посвета на познатиот затвореник. Дали сè уште се во брак останува нејасно, а најголемиот дел од доказите за нивната врска Ајуб ги избришала од интернет. Роднина на Баргути рече: "Ова е семејна работа и немам право да кажам ништо повеќе." Иако повеќето објави се избришани, јавно достапни честитки под фотографии во 2016 година и 2019 година ја потврдуваат врската меѓу Ајуб и Шараф Баргути, а и името на нивниот син Марван. Во една од честитките роднина пишува: „Нека расте со вашето достоинство и нека биде како господин Марван великиот." Други додаваат: „Честитки за внукот на командантот Марван ал-Баргути."

Надин Ајуб ја криеше врската со семејството Баргути: Омажена за синот на осудениот Марван Баргути и има дете по него

Надин никогаш не беше избрана, сама си ја додели титулата Мис Палестина

Нема записи за каков било избор на Мис Палестина, ниту информации за други кандидатки или начин за пријавување. Ајуб раководи со организациијата „Miss Palestine“ во Дубаи, која официјално ја крунисала токму неа. Под правилата на Мис Универзум, секој може да купи право за национален избор и така да создаде титула за настап на светската сцена. Ајуб учествувала на Мис Earth во 2022, а нејзиниот брак и мајчинство тогаш би ја дисквалификувале, со оглед на тогашните правила. Овие ограничувања беа укинати дури во 2023.

Надин никогаш не беше избрана, сама си ја додели титулата Мис Палестина

Контроверзна појава и дволичност на сцената: Од буркини на Мис Универзум до провокативни бикини во други избори

Оваа недела Ајуб на сцената на Мис Универзум носеше буркини, усогласени со исламската традиција, а истовремено во 2022 гордо парадираше на Мис Earth во провокативен син костим за капење и високи штикли. На некои фотографии позира и во шарено виолетово бикини со титула Мис Палестина преку рамо, додека на други носи жолто бикини, униформа на сите учеснички од Мис Earth 2022. Иако нејзиниот изглед повремено бил во спротивност со исламските принципи, таа тогаш освојува „Miss Earth-Water“.

Контроверзна појава и дволичност на сцената: Од буркини на Мис Универзум до провокативни бикини во други избори

Мислеше дека може да ја користи платформата за лична и политичка агенда: Нејзино учество ги шокираше Израел и јавноста

Присуството на Ајуб на сцената на Мис Универзум беше скандал, особено поради нејзините изјави за „геноцид“ во Газа, што предизвика бес во Израел. Во интервју за The National изјави: „Miss Universe е огромна платформа и има голема одговорност да зборуваш за тоа што се случува во Газа. Никој не треба да молчи за неправдата. Ова е време кога Палестина треба да биде претставена на сите платформи.“

Мислеше дека може да ја користи платформата за лична и политичка агенда: Нејзино учество ги шокираше Израел и јавноста

Израел реагира бурно: Не признава палестинска држава, а натпреварот го нарекоа политичка пропаганда

Министерот за дијаспора и борба против антисемитизмот Амихај Чикли изјави: „Што да кажам? Каде точно е Палестина? Искрено, не ми е гајле за Баргути или Мис Баргути. Нема палестинска држава; нема ни да ја има.“ Поранешната пратеничка Рут Васерман Ланде рече: „Уште самото појавување како Мис Палестина е политичка порака. Оваа тактика ја гледаме уште од Исламската револуција – ширење исламистичка агенда низ либералните култури.“

Израел реагира бурно: Не признава палестинска држава, а натпреварот го нарекоа политичка пропаганда

Контроверзното семејство Баргути – од лидери во затвор, до барање за ослободување и споредби со Мандела

Марван Баргути, основач на Ал-Акса бригадите, одлежува пет доживотни казни и неговото пуштање се бараше од Хамас во замена за заложници. Израел стравува дека доколку биде ослободен, ќе го повтори патот на Јахја Синвар, актуелниот лидер на Хамас осуден за масакрот во октомври 2023. За Баргути во палестински извештаи пишуваа дека е „палестинскиот Мандела“, а во затвор организираше штрајк со глад на речиси 900 луѓе. Неговото семејство му пишуваше дури и на претседателот Трамп, барајќи да го притисне Израел за негово ослободување: „Господине Претседателе, вистински партнер ве очекува. Некој што може да го оствари нашиот заеднички сон за праведен и траен мир.“

Контроверзното семејство Баргути – од лидери во затвор, до барање за ослободување и споредби со Мандела

Третманот на еврејските свети места е симптоматичен

Најновиот костум што Ајуб го претстави содржеше слика од џамијата Ал-Акса — симболично место на конфликтот и главен мотив на бригадата на Баргути — како и црквата на Светиот гроб, но не и еврејското свето место Западниот Ѕид кое се наоѓа непосредно до Ал-Акса. Таа напиша: „Нашето единство и соживот“ – но во објавата не се споменува соживот со Евреите. Ниту Ајуб, ниту организациите на Мис Палестина, Мис Универзум и Мис Earth, како и семејството Баргути, не одговорија на барањата за коментар.

Третманот на еврејските свети места е симптоматичен