Уличен музичар, без да знае, запеа во дует со Крис Мартин на песна од Coldplay
Пејачот на Coldplay, Крис Мартин, изненади уличен музичар во центарот на Лондон со ненадеен настап на хитот на британскиот бенд „Viva la Vida“. Ахн Џи-хун, кој настапува како HannyJunee и доаѓа од Јужна Кореа, за CNN изјави дека моментот бил „како филм“.
In This Article:
На Трафалгар плоштадот публиката ја избра „Viva la Vida“ како последна песна
Настапот се случил во петок во Лондон. Музичарот раскажа дека токму луѓето собрани околу него ја одбрале песната со која требало да го заврши свирењето. „Кога почна музиката, еден непознат човек пријде, носеше кул шешир и очила за сонце. Во главата си помислив: ‘О, овој човек знае како да ужива во атмосферата. Убаво. Сигурно е огромен фан на Coldplay,’“ изјави тој за CNN во вторник. „И претходно сме имале кул учесници, па само продолжив со тоа,“ додаде артистот.
„Тој звучи невероjатно како Крис Мартин“
Дури откако непознатиот човек запеал, HannyJunee почувствувал дека нешто е необично. „Кога ја испеа првата линија, си помислив: ‘Леле, вокалната боја на овој човек е луда. Тој звучи невероjатно како Крис Мартин.’ Но дали помислив дека тоа навистина е Крис Мартин? Апсолутно не,“ рече пејачот. „Колкави се шансите самиот Крис Мартин магично да биде повикан веднаш до тебе на случајна улица во Лондон токму во последниот момент?“ рече тој, додавајќи дека мислел оти тоа е нешто што „се случува само во филмови“.
„Тој се смееше светло и искрено се забавуваше најдобро што можеше“
Во тие неколку минути, уличниот настап се претворил во сцена што никој околу нив не ја очекувал. „Тој се смееше светло и искрено се забавуваше најдобро што можеше, а исто така и јас“, рече изведувачот. Кога песната завршила, Мартин тивко си заминал, оставајќи ја публиката да му ја открие вистината на музичарот. „Тој жси замина веднаш откако заврши песната, а потоа толпата ме опколи, викајќи: “Знаеш ли кој беше тоа?” Јас прашав ‘Кој?,’ а тие рекоа: „Тоа беше вистинскиот Крис Мартин“, додаде тој.
„Се уште не можам да поверувам дека ова се случи“
HannyJunee подоцна објави видео од настапот на социјалните мрежи, а моментот брзо почна да се шири меѓу луѓе од различни делови на светот. „Само сум бескрајно благодарен за тој незаборавен момент и за начинот на кој тој сега ме поврзува со толку многу невероjатни души низ светот,“ рече HannyJunee. Описот на објавата гласи: „Се уште не можам да поверувам дека ова се случи.“ „Ти благодарам, Крис, за наjнезаборавниот момент во мојот живот.“