Удар врз најмоќните шпиони во светот: Хакерски напад врз ЦИА и ФБИ, Белата куќа итно го разреши шефот за сајбер-безбедност!
Хакерски напад ги погоди системите на американската Централна разузнавачка агенција и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање. Според медиумските извештаи, при нападот биле компромитирани некласифицирани податоци, односно информации кои не се означени како државна тајна.
„Њујорк тајмс“ објави пристап до најмалку еден владин систем
Весникот, повикувајќи се на владини претставници и извори запознаени со случајот, објави дека хакер неовластено добил пристап до систем во кој се собираат и анализираат јавно достапни информации.
ФБИ вторпат за два месеца, Шон Кернкрос разрешен од Белата куќа
Инцидентот се случил во период на засилени сајбер-закани, а според медиумските информации, истиот ден бил регистриран и напад врз систем на Федералното истражно биро. Во меѓувреме, по серијата технички проблеми и прекини во американските институции, Белата куќа го разреши директорот за сајбер-безбедност Шон Кернкрос. На негово место привремено е назначена Кирстен Дејвис, досегашна ИТ-шефица во Министерството за одбрана.