No Image x 0.00 + POST No Image

Наставник од Лондон доби забрана за работа со деца откако му кажал на муслиманско дете дека Британија е христијанска држава

SHARE
0

Наставник од основно училиште во Лондон е отпуштен од работа и доби забрана за работа со деца, откако му кажал на муслимански ученик дека „Британија сè уште е христијанска држава“. Наставникот, кој одбил да го открие својот идентитет, бил суспендиран и отпуштен откако им се обратил на учениците што миеле нозе во мијалниците во тоалетот за момчиња. Потоа му напомнил на одделението дека исламот е малцинска религија во Обединетото Кралство. Според детето што ја поднесе жалбата, наставникот им кажал дека ако сакаат, има исламско училиште на еден километар подалеку каде што можат да се префрлат.

Наставник од Лондон доби забрана за работа со деца откако му кажал на муслиманско дете дека Британија е христијанска држава

Наставникот веднаш бил суспендиран и отпуштен, но сега ја обжалува забраната и работи во друго училиште

Едукаторот бил најпрвин суспендиран, а потоа отпуштен во март минатата година, пренесува Телеграф. Наредниот месец бил пријавен до локалниот одбор за заштита на деца и до Метрополитен полицијата. Наводно, службеникот за заштита заклучил дека наставникот дал навредливи коментари за исламот и дека детето било подложено на емоционална штета. Полицијата ја прекинала истрагата, но наставникот сега ја тужи локалната власт со поддршка од Здружението за слобода на говор. Познато е дека наставникот ја обжалил забраната и работи со скратено работно време во друго училиште надвор од Лондон.

Наставникот веднаш бил суспендиран и отпуштен, но сега ја обжалува забраната и работи во друго училиште

Директорот на Здружението за слобода на говор: „Наставникот беше казнет што ја истакна вистината за националната религија на Англија“

Лорд Јанг, директорот на Здружението за слобода на говор, изјави во понеделникот: „Овој наставник ја изгуби работата и за малку ќе добиеше доживотна забрана за професијата само затоа што им укажа на учениците муслимани дека националната религија на Англија е англиканството. Работите стигнаа предалеку во оваа земја ако наставник може да биде прогласен за ризик за децата затоа што кажал нешто што е неспорно точно. Ако тврдеше дека исламот е официјална религија на Англија, иако тоа не е точно, се сомневам дека би упаднал во каква и да е неволја.“

Директорот на Здружението за слобода на говор: „Наставникот беше казнет што ја истакна вистината за националната религија на Англија“

Случаите предизвикуваат загриженост: Закони за заштита на децата се користат за да се казнуваат луѓе со патриотски ставови

Одлуката против Џејми Мајкл предизвика негодување кај бранителите на слободата на говор, кои тврдат дека луѓе со 'патриотски ставови' се замолчуваат поради наводни закани за заштита на децата. Здружението за слобода на говор објави дека идентификувало повеќе од десетина случаи каде што закони наменети за заштита на децата се користат како инструмент за сузбивање на десничарски ставови.

Случаите предизвикуваат загриженост: Закони за заштита на децата се користат за да се казнуваат луѓе со патриотски ставови