No Image x 0.00 + POST No Image

Училиште без учители: Вештачка интелигенција ги заменува наставниците во училиште во САД, а учениците се меѓу најдобрите во земјата

SHARE
25

Во приватното училиште „Алфа“ во Остин, Тексас, наставата се одвива сосема поинаку – тука нема класични учители. Наместо тоа, образованието го води вештачка интелигенција. Овој иновативен пристап привлече дури и интерес од Министерството за образование на САД. Дали ова е иднината на учењето?

Училиште без учители: Вештачка интелигенција ги заменува наставниците во училиште во САД, а учениците се меѓу најдобрите во земјата

Концептот на „Алфа“: АИ програми го заменуваат класичниот час

Учениците поминуваат по два часа дневно решаваjќи задачи по математика, читање и природни науки – сè со помош на напредни АИ-програми. Наместо учители, во класите работат ментори. Тие не држат предавања, туку ги мотивираат и им помагаат на децата да го задржат интересот за учење.

Концептот на „Алфа“: АИ програми го заменуваат класичниот час

Вештини на иднината: Практични проекти, финансиска писменост и јавно говорење во фокусот

Попладнето е резервирано за практични проекти, како и изучување на финансиска писменост и техники за јавно говорење. Основачката Макензи Прајс уверува: „Токму овие вештини се основа за успех на децата во модерниот свет."

Вештини на иднината: Практични проекти, финансиска писменост и јавно говорење во фокусот

Индивидуален пристап и цена која ја плаќа елитата: 40.000 долари годишно – но успехот е докажан

Секој ученик неделно добива 30 минути личен разговор со својот ментор, а потоа следуваат и групни работилници за комуникациски и социјални вештини. Образованието чини најмалку 40.000 долари за година, што го прави достапно главно за елитата. Сепак, „Алфа“ веќе има 16 кампови и постојано расте. Учениците се меѓу најдобрите 1% на стандардните тестови во САД – што го става училиштето во самиот врв.

Индивидуален пристап и цена која ја плаќа елитата: 40.000 долари годишно – но успехот е докажан