No Image x 0.00 + POST No Image

Киву - најопасното езеро на планетата Земја што може да убие милиони за миг

SHARE
25

Езерото Киву, скриено меѓу прекрасните предели на Африка, носи во себе опасност која буди стравови кај научниците ширум светот. Под блескавата сина површина, се кријат гасови што можат да предизвикаат невидена катастрофа, поголема од сè што човештвото досега видело.

Киву - најопасното езеро на планетата Земја што може да убие милиони за миг

Езеро со длабочина од 480 метри што лежи над огромна „гасна комора“

Киву се наоѓа во срцето на Источна Африка, во долина што е центар на силна геолошка активност. Со длабочина од 480 метри, спаѓа меѓу најдлабоките езера во светот и се протега со простор широк како море, украсен со над 150 острови. Но, во неговата „утроба“ чука тивка бомба – огромни количини на метан и јаглероден диоксид чекаат на неверојатен излив доколку нешто ги вознемири.

Езеро со длабочина од 480 метри што лежи над огромна „гасна комора“

Катастрофите со смртоносни гасови веќе се случиле: Масакрите на Манун и Њос - 37, па 1700 мртви за еден ден

Киву не е единственото езеро што го крие овој вид судбина. Во Камерун, вакви примери се веќе реалност: 1984 година, езерото Манун – 37 луѓе починале само за неколку минути. 1986 година, езерото Њос – облак со јаглероден диоксид уби над 1700 луѓе и цели села. Причината – под висок притисок гасот се раствора, ама неочекуван потрес може да го ослободи и да ги угуши сите во близина.

Катастрофите со смртоносни гасови веќе се случиле: Масакрите на Манун и Њос - 37, па 1700 мртви за еден ден

Киву е 2000 пати поголемо од Њос – 2 милиони луѓе живеат покрај оваа убава, но опасна идила

На бреговите на Киву се ужива во топлите води и риболов, има туристи, има дури и пивара што произведува „Primus" и „Heineken“ со метанска енергија. Но, зад спокојот демне смртта: една искра или геолошки настан може да ја ослободи целата сила на гасовите. Големината на езерото го прави невозможно поставувањето на безбедносни пумпи како на Њос. Опасноста останува, а животот тече во неизвесност.

Киву е 2000 пати поголемо од Њос – 2 милиони луѓе живеат покрај оваа убава, но опасна идила

Метанот може да снабди цела држава

Мештаните ја користат енергијата од метанот, но секоја нестабилност на кората може да го претвори Киву во катастрофа од невидени размери. Езерото е едно од ретките во Африка без крокодили, што го прави вистински рај додека се е мирно. И додека светот сонува за убавини и просперитет, сè зависи од каприците на природата – бидејќи Киву е убава, но опасна, тивка бомба под африканското сонце.

Метанот може да снабди цела држава