Турските кифли што се топат во уста – Најмеките кифлички што некогаш ќе ги пробате, тајната е во млекото и мекото тесто
Овој рецепт е идеален за секој што сака едноставни лебни специјалитети. Клучната тајна е да добиете меко тесто – ако станe тврдо, кифлите ќе бидат исто така тврди.
Потребни состојки за подготовка на турски кифли:
– 750 мл млеко (три шолји) – 1 лажица сув квасец – 2 лажици шеќер – 250 мл масло (една шолја) – 1 кг брашно – сол
Подготовка на сочните турски кифли:
Во сад измешајте млако млеко и сув квасец и промешајте. Во друг сад комбинирајте шеќер, сол и масло. Додајте го млекото и повторно промешајте па постепено додавајте брашно. Важно е да не го додадете сето брашно одеднаш. Месете додека не добиете меко и еластично тесто кое многу малку се прилепува за дланките. Покријте го садот и оставете тестото да стасува 30-40 минути. Потоа, со малку масло премачкајте ги рацете за да не се лепи тестото. Скинете делови, оформете ги во саканата форма и ставете ги на подмачкано тенџере или плех. Печете во претходно загреана рерна на 200°C додека не поруменат убаво.