No Image x 0.00 + POST No Image

Туршијата не само што го штити системот за варење, туку може и да ве спаси од зимските настинки според ново истражување

SHARE
23

Науката одамна знае дека туршијата е корисна за варење и здравјето на стомакот. Но, нови истражувања покажуваат дека ферментираниот зеленчук може да биде и ваш сојузник против зимските вируси. Туршијата традиционално се прави од засолени и ферментирани зеленчуци – најчесто зелка, морков и карфиол, и се зачинува со лута пиперка, лук, ѓумбир, а во Кореја и ферментирани морски плодови. Денес туршијата се препознава и по уште една своја вредност: ја подобрува имунолошката одбрана на телото.

Туршијата не само што го штити системот за варење, туку може и да ве спаси од зимските настинки според ново истражување

Туршијата подготвена правилно е полна со витамини и пробиотици и е клуч за здрав цревен микробиом

Туршијата, како и други ферментирани продукти како кисела зелка, кефир и комбуча, е позната по изобилството од пробиотици кои го одржуваат цревниот микробиом здрав. Правилно подготвување значи НИКОГАШ да не се користи оцет, затоа што ги убива корисните бактерии, туку да се ферментира само со 2-3% сол во однос на целата тежина заедно со водата. Покрај богатството од пробиотици, туршијата е извор на важни нутриенти како витамини А, Ц и К, како и минерали како железо, што дополнително ја надополнува исхраната.

Туршијата подготвена правилно е полна со витамини и пробиотици и е клуч за здрав цревен микробиом

Клиничко истражување во Кореја откри: Туршијата ги поттикнува имуните клетки да се борат со бактерии и вируси

Најновото истражување од корејски научници покажува дека туршијата не помага само за подобро варење, туку има и директно влијание врз имунитетот – го балансира и ја подобрува способноста да се уништат бактерии и вируси. Во студијата, три групи возрасни добивале или прашок од туршија или плацебо заедно со нивната редовна исхрана. По три месеци, се анализирани примероци од крв за да се испитаат имунолошките одговори. Истражувачите откриле дека клетките кај испитаниците што консумирале туршија биле далеку поефикасни во препознавањето и уништувањето на инфективни агенси. „Нашето истражување докажува дека туршијата има две истовремени дејства: активирање на одбранбените клетки и потиснување на прекумерната реакција“, изјави д-р Ву Џае Ли од Светскиот институт за туршија, кој го предводеше истражувањето.

Клиничко истражување во Кореја откри: Туршијата ги поттикнува имуните клетки да се борат со бактерии и вируси

Туршијата може да ја намали хипертензијата, лошиот холестерол и да помогне при слабеење

Претходни студии покажале дека консумирањето на туршија може да го намали крвниот притисок (најверојатно поради корисните бактерии кои го намалуваат влијанието од натриумот), како и да ги намали вредностите на ЛДЛ холестерол – таканаречениот „лош“ холестерол кој се таложи во артериите и го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочен удар. Понатамошни истражувања покажуваат дека туршијата позитивно влијае на дигестивниот систем, што може да придонесе и за слабеење.

Туршијата може да ја намали хипертензијата, лошиот холестерол и да помогне при слабеење

Истражувачите продолжуваат да ја проучуваат врската меѓу туршијата и здравјето – нови откритија на повидок

„Планираме да го прошириме истражувањето за туршијата и млечнокиселите бактерии во однос на имуното и метаболитичното здравје во иднина“, најави д-р Ву Џае Ли. Очигледно е дека оваа традиционална ферментирана храна допрва ќе открива нови здравствени бенефити.

Истражувачите продолжуваат да ја проучуваат врската меѓу туршијата и здравјето – нови откритија на повидок