21 годишна Бразилка тврди: „Не можам да најдам работа поради мојот провокативен изглед“
Але Гауча, 21-годишна дипломирана негувателка на деца од Бразил, ја откри нејзината „болна“ вистина – убавината ѝ го затвора патот кон работата од соништата.
Сертификати во рака, но телефонски повик никогаш не стигнува
Але завршила курсеви за грижа за деца и гордо ги покажувала своите дипломи и знаења на секое интервју. „Секоја нова прилика ја зграпчував и веднаш аплицирав, но никој не ми се јавуваше назад“, раскажува таа. „На почетокот мислев дека проблемот е моето неискуство, но по десетици неуспеси разбрав дека вистинската причина е мојата појава. Жените се сомневаат во убави кандидатки, плашејќи се за своите мажи", искрено признава Але.
Ниту дипломите, ниту трудот не ми помогнаа – нов почеток преку интернет
Иако професионализмот и сертификатите не ѝ ја отвориле вратата кон детската грижа, Але нашла „сила“ да продолжи. Почнала да објавува свои фотографии на интернет, каде брзо стекнала голема публика и првпат заработила од својот изглед. Очигледно, тука многу подобро се снашла, хм?