No Image x 0.00 + POST No Image

Трансџендер синот на Илон Маск открива сурова вистина: „Живеам со цимери, немам пари, татко ми ме отфрли – а тој е најбогатиот човек на светот“

SHARE
20

Вивијан Вилсон, сега веќе ќерката, која јавно се скара со Илон Маск, раскажува дека живее скромно, без поддршка од најбогатиот човек на светот, поради нејзината трансџендер идентификација и раскинатите семејни врски.

Трансџендер синот на Илон Маск открива сурова вистина: „Живеам со цимери, немам пари, татко ми ме отфрли – а тој е најбогатиот човек на светот“

„Татко ми е големо патетично дете“

Во 2022 година, Вивијан решава да ја прекине релацијата со својот татко Илон Маск, по нејзината транзиција од машко во женско, што доведе до отфрлање и јавна кавга. Таа поднесе барање за промена на полот и презимето само неколку дена по 18-тиот роденден, нарекувајќи го Маск „патетично големо дете“ на социјалните мрежи.

„Татко ми е големо патетично дете“

Живот без милијардерска поддршка

Без финансиска помош од Маск, Вивијан живее во Лос Анџелес со три цимери бидејќи така е поевтино. Размислува дали може да си го дозволи колеџ бидејќи образованието е скапо, а таа нема богатство зад себе. „Луѓето мислат дека имам многу пари. Немам стотици илјади евра на располагање“, вели Вивијан. Таа е благодарна што има доволно за основните животни потреби и малку луксуз, што, според неа, е повеќе отколку што имаат многу млади од Лос Анџелес. Од другата страна, нето вредноста на Маск е околу 413 милијарди долари, а Вивијан е најстара меѓу 14-те познати деца на Маск.

Живот без милијардерска поддршка

Изолација и борба

Вивијан зборува и за тешкиот период на растење, борбата со АДХД и изолираноста во приватно училиште преполно со „непо бебиња“. Нејзини соученици биле децата на Картис Мартин и Гвинет Палтроу. „Тоа беше токму она што би очекувале од приватно училиште преполно со такви деца. Луѓето беа неурамнотежени, а јас не бев популарна. Не разговарав со никого“, сведочи Вивијан. Таа јавно го критикува својот татко и поради неговото политичко свртување кон Трамп и МАГА движењето.

Изолација и борба

Семејна болка и трајна дистанца

Вивијан, родена како близнак со братот Грифин во 2004 година во Калифорнија, првпат признала дека е трансџендер на својата тетка кога имала 16 години, но ја молела да не му каже на татко ѝ. Односот со Маск останува затегнат: „Направив многу обиди, но тој не сака да биде со мене“, изјавил Маск неодамна за својот биограф. Во 2024, Маск јавно изјави дека случувањата во неговото семејство се „зло“ и дека бил „измамен да потпише документи, мислејќи дека син му се заканува со самоубиство“. Без разлика на ултрабогатството на Илон Маск, се чини дека не може да ја надомести љубовта и семејната блискост со својата, сега веќе, ќерка.

Семејна болка и трајна дистанца