Трамп ја реновира Белата куќа: Најмасивната обнова досега со балска сала од 8.360 квадратни метри која ќе ја смени историјата на претседателската резиденција
Претседателот Доналд Трамп конечно ќе ја добие својата балска сала во Белата куќа, проект кој вклучува „модернизација" и проширување на Источното крило за неверојатни 8.360 квадратни метри! Обновата вредна 200 милиони долари ќе ја трансформира историската зграда на начин без преседан.
In This Article:
- Источното крило ќе се шири: 200 милиони долари приватно финансирани за новата балска сала на Белата куќа
- Трамп ја критикуваше традицијата
- Новиот изглед: Златна внатрешност и просторија со капацитет за 650 гости, инспирирана од Трамповите хотели
- Трамп сака да влезе во историјата: „За 150 години никој не се осмели – јас ќе оставам траен белег на Белата куќа"
Источното крило ќе се шири: 200 милиони долари приватно финансирани за новата балска сала на Белата куќа
Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит објави дека во септември почнува изградба на новата балска сала што е долгогодишна желба на Трамп. Проектот ќе биде финансиран главно преку донации и од самиот Трамп, а завршеток се очекува до крајот на неговиот мандат. Сѐ ова се случува на местото каде што првата дама и воената канцеларија беа сместени и ќе треба да се преселат додека трае градежната офанзива.
Трамп ја критикуваше традицијата
Трамп првпат ја предложил идејата за балска сала уште во 2010 година бидејќи не му се допаѓало тоа што почесните гости биле примани во шатори на Јужната градина. „Не е убаво да ги гледаш жените со фустани и уредени фризури како низ дождот одат до шаторот, далеку од главниот влез", рече Трамп. Неговата визија е Белата куќа конечно да добие просторија достојна за светски државници и официјални настани.
Новиот изглед: Златна внатрешност и просторија со капацитет за 650 гости, инспирирана од Трамповите хотели
Визуелизациите покажуваат балска сала во стил сличен на Мар-а-Лаго и поранешниот хотел на Трамп во Вашингтон, со луксузна, златна внатрешност. Капацитетот ќе биде тројно зголемен, од сегашните 200 во Источната сала на 650 гости – врата кон нови големи државни приеми. Левит нагласи дека проектот е приватно финансиран, со што се избегнуваат обвинувања дека се трошат народни пари во време на економска криза.
Трамп сака да влезе во историјата: „За 150 години никој не се осмели – јас ќе оставам траен белег на Белата куќа"
„Ова ќе биде наследство за генерациите. За 150 години сите сакале балска сала, ама нема претседател што разбира што значи тоа. Јас знам да градам, ќе биде брзо, квалитетно и преубаво“, изјави Трамп. Заедно со изградбата на балската сала, Трамп веќе постави државни знамиња и нови патеки во градината, оставајќи силен печат врз изгледот и функцијата на Белата куќа.