No Image x 0.00 + POST No Image

Играч на Македонскиот фудбалски клуб во Австралија, „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во масакрот во Бонди

SHARE
25

Австралија минатиот викенд беше сведок на најстрашниот масакр во последните триесет години – трагедија која не ја поштеди ниту фудбалската заедница, а директно ја погоди македонската дијаспора преку клубот Рокдејл Илинден. Клубот, создаден од Македонци во Австралија и голем столб на заедницата во Нов Јужен Велс, изгуби еден свој млад член – Дан Елкајам (27), кој е меѓу 16-те жртви на нападот во Бонди, извршен за време на еврејскиот празник Ханука.

Играч на Македонскиот фудбалски клуб во Австралија, „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во масакрот во Бонди

Дан Елкајам, млад фудбалер кој најде дом во македонскиот клуб во Австралија, е меѓу 16-те загинати на Бонди

Дан Елкајам, Французин кој од 2024 година живееше во Австралија и кратко време играше за Рокдејл Илинден во Националната Премиер лига, трагично го загуби животот додека присуствуваше на празничен настан во Бонди. Клубот објави: „Со голем шок и тага дознавме дека нашиот играч од Премиер лига 1, Дан Елкајам, е жртва на ужасниот, трагичен и бесмислен настан во Бонди Бич. Дан беше неразделен дел од нашиот тим во 2025 година, многу талентиран и омилен меѓу соиграчите. Изразуваме најдлабоко сочувство кон неговото семејство, пријателите и сите што го познаваа. Нека почива во мир.“

Дан Елкајам, млад фудбалер кој најде дом во македонскиот клуб во Австралија, е меѓу 16-те загинати на Бонди

Македонската заедница во Австралија се солидаризира, иселеништвото во Македонија тагува за своите блиски преку океанот

Ваквата трагедија уште еднаш привлече внимание кон значењето на заедништвото во тешки времиња за илјадници Македонци во Австралија кои се интегрирани во сите сфери на животот – социјален, спортски, културен. Болката ја почувствуваа и во Македонија, каде секое иселеничко семејство чувствува солидарност за трагедиите што ги трпат нивните најблиски преку океанот.

Македонската заедница во Австралија се солидаризира, иселеништвото во Македонија тагува за своите блиски преку океанот

Солидарност од спортски и заеднички организации – спортот како мост во време на трагедија

Додека 27 лица сè уште се лекуваат во болниците во Нов Јужен Велс, бројни спортски и еврејски организации од цела Австралија изразија сочувство и подршка, вклучително и други клубови од А-Лигата. Овој трагичен настан уште еднаш ја истакна улогата на спортот како мост меѓу различни заедници и извор на поддршка и сплотеност тогаш кога тоа е најпотребно.

Солидарност од спортски и заеднички организации – спортот како мост во време на трагедија