Традицијата на пaкхала — Индиското освежително летно јадење кое чини помалку од 50 денари
Во источна Индија, покрај летните горештини, жителите на Одиша си наоѓаат спас во јадење кое ги разладува, ги враќа во детството и ги спојува сите слоеви во општеството — пакхала. Од 12 век до денес, пакхала останува едноставно, хранливо и достапно јадење што станува сѐ популарно низ светот.
In This Article:
- Пакхала: ферментиран ориз кој разладува и лекува додека чини помалку од долар
- Торани — пробиотичен напиток со лековита моќ
- Пакхала е културен симбол: од семејни традиции до свадбени ритуали, ова јадење спојува генерации
- Глобалната преродба на пакхала: од скромното село, до модерните ресторани и социјалните мрежи
Пакхала: ферментиран ориз кој разладува и лекува додека чини помалку од долар
Пакхала е ориз потопен во вода и оставен да ферментира преку ноќ, често со додавање јогурт, зачини и разни прилози како пржена риба, пире од компири и зелје. Со децении, овие едноставни состојки нудат хранлив оброк, брза енергија и помош при справување со летните жештини за жителите на Одиша.
Торани — пробиотичен напиток со лековита моќ
Ферментираната вода од пакхала, позната како торани, е полна со пробиотици, масни киселини и витамин К. Таа помага во дигестијата, го подобрува имунитетот и го храни организмот во најжешките денови. Индиската Национална агенција за управување со катастрофи го препорачува овој пијалок за заштита од топлотни удари.
Пакхала е културен симбол: од семејни традиции до свадбени ритуали, ова јадење спојува генерации
Пакхала не е само оброк – тоа е дел од сејдневието, односно од социјалниот и духовен живот во Одиша. Ја јадат на нови почетоци, на свадби, дури и на Денот на пакхала (20 март). За многу луѓе, пакхала е спомен за домот, мајчината љубов и детството.
Глобалната преродба на пакхала: од скромното село, до модерните ресторани и социјалните мрежи
Пакхала некогаш беше сметана како јадење на сиромашните, но сега предизвикува восхит на социјалните мрежи, а реномирани готвачи и ресторани низ Индија создаваат посебни менија во негова чест. Во светот на зголемени летни горештини, пакхала инспирира повторно враќање кон домашните намирници и традиционалната мудрост.