„Толку сум згодна што ми плаќаат за тоа – заработив 500 долари само за да јадам сендвич“
Сафрон Бозвел, 26-годишна девојка од Велика Британија, живее како кралица благодарение на својот „pretty privilege“ – односно, привилегијата да добива пари само затоа што е згодна. Во едно вирално видео на ТикТок таа изјави: „Јас и онака секогаш јадам пред луѓе... Па, можам и да бидам платена за тоа.“ И токму така, за едно јадење сендвич од Subway, еден таканаречен „pay pig“ ѝ испратил речиси 500 долари. Сафрон буквално заработува пари додека грицка, позира и си пие кафе.
In This Article:
Што е „pay pig“ и зошто му е гајле дали јаде или спие?
„Pay pigs“ се мажи што уживаат да бидат финансиски доминирани од жени – без да добијат ништо физичко за возврат. За разлика од „sugar daddys“, кои очекуваат некаква романтична или сексуална врска, овие мажи (или „финсабови“) доброволно ѝ даваат пари на „findomme“ (финансиска доминантка) само затоа што таа им го диктира темпото. Како што објаснуваат од PrivateSugarClub.com: „Pay pig добива задоволство од тоа да ги тушира своите доминантки со пари и да им овозможува финансиска сигурност. Findomme е таа што ја води врската, бара суми и дури и ги понижува финансиски.“ Овој тип на однос е најчесто дел од заедницата што практикува врски со доминација и покорност, садизам и мазохизам – каде што контрола и покорност се клучните теми.
„Ми платија 200 долари само за да им се развикам на гласовна порака“
Сафрон има вистински магнет за пари. Таа тврди дека: Добила 200 долари за гласовна порака со кавга. Зела 100 долари за Снепчет слика додека спие, со натпис: „Никогаш нема да можеш да бидеш тука со мене.“ И дури 570 долари за видео каде што гази цртеж од свиња – нарачано од pay pig. Во еден ден заработила речиси 900 долари. А тоа е само еден ден во нејзиниот живот.
Ги троши парите на естетика и љубов преку FaceTime
Бозвел отворено зборува за тоа дека троши над 40.000 долари годишно на ботокс, филери и други козметички зафати – за да изгледа беспрекорно кога ќе се јави преку видео повик на нејзиното момче Луке. За неа, убавината не е само инвестиција – тоа е бизнис. „Сега ми заврши денот“, вели таа, откако одработила неколку понижувачки пораки, слики и ужини за дебели суми. Во свет каде што убавината може да се монетизира, Сафрон Бозвел едноставно го жнее плодот од својот изглед. А нејзините „обожаватели“? Тие со задоволство плаќаат. Па додека има овци ќе има и волна :)