Сепиите ПОЛОЖИЈА когнитивен тест наменет за човечки деца
Едно изненадувачко истражување докажа дека цефалоподите (главоноги организми) не се само чудни морски суштества, туку и интелигентни креации на природата кои успешно го поминале тестот на самоконтрола наменет за човечки деца. Можеби цел живот ги потценуваме животните, но ова истражување ги руши тие претпоставки.
In This Article:
Што е „маршмелоу“ тестот и зошто е важен за човечката и животинската интелигенција?
Класичниот тест на одложено задоволување најчесто се употребува за човечки деца: едно маршмелоу на масата – ако не го изедеш веднаш, по 15 минути ќе добиеш уште едно. Овој тест ја мери способноста да се планира за иднината и когнитивните вештини. Токму оваа едноставна задача сега е прилагодена и за животни, но наместо зборови, се употребуваат симболи и награди што ги разбираат.
Сепиите избраа да чекаат – интелигенција споредлива со шимпанза и гаврани
Научниците ги изложија шест сепии на специјално дизајниран тест: во аквариум со две комори – во едната малку помалку привлечна храна, во другата нивниот омилен жив рак – но, со одложено отворање. Сепиите научија дека симболот круг значи веднаш, триаголник по одредено време, а квадрат никогаш. Сите сепии во тестот ги одбраа омилените ракчиња, чекајќи дури и по 130 секунди! Ова е резултат споредлив со големомозочни видови како шимпанза, гаврани и папагали.
Најинтелигентните сепии се најтрпеливи
Во вториот дел од истражувањето, истите сепии беа тестирани за брзина на прилагодување: на кој симбол ќе добијат награда. Оние што најбрзо се префрлија на нов правилен симбол, беа и тие што најдолго чекаа за омилената храна. Доказ: сепиите поседуваат не само интелигенција, туку и висока самоконтрола. Но, зошто баш тие? Истражувачите претпоставуваат дека оваа способност е поврзана со нивната стратегија на ловење – сепиите во природата долги периоди се маскираат и чекаат, а кога ќе се разоткријат се најранливи, па затоа вреди да се почека за најдобар плен.
Сепиите имаат меморија и создаваат лажни спомени
Иако не се социјални, не користат алатки и не создаваат резерви од храна, сепиите ја развиле оваа неверојатна способност заради своето специфично преживување. Најновите истражувања покажуваат дека сепиите имаат меморија слична на епизодична и можат да создаваат лажни спомени. Следната цел е да се утврди дали можат навистина и да планираат за иднината – нешто што досега им се припишувало само на луѓето.