No Image x 0.00 + POST No Image

Теории на заговор или вистина? Ким Кардашијан тајно подготвува продажба на мозочни чипови на наивни Американци

SHARE
20

Ким Кардашијан неодамна ги шокираше сите со признанието за „дупки“ во нејзиниот мозок, но интернетот експлодира со нови теории: славната ѕвезда можеби веќе подготвува планови за промовирање и продажба на мозочни чипови, тврдат теоретичари на заговор. Дали Кардашијан е во дослух со милијардерот Илон Маск за да го промовира Neuralink?

Теории на заговор или вистина? Ким Кардашијан тајно подготвува продажба на мозочни чипови на наивни Американци

Ким Кардашијан откри „дупки“ во мозокот и предизвика лавина од сомнежи и шпекулации

Во седмата сезона на реалното шоу на Кардашијан, психологот Др. Даниел Амен ѝ соопшти дека скенирањето покажало „ниска активност“ во делови од мозокот. „Ова едноставно не може да биде... нема да го прифатам“, изјави Кардашијан. „Морам да направам план, има многу нешта што треба да ги завршам летово.“ Овие изјави дополнително ги разгорија шпекулациите на социјалните мрежи.

Ким Кардашијан откри „дупки“ во мозокот и предизвика лавина од сомнежи и шпекулации

Наводна соработка меѓу Кардашијан и Илон Маск за промоција на Neuralink предизвикува јавна загриженост

Теоретичарите на заговор ја обвинија Кардашијан дека подготвува договор со Илон Маск за промовирање на Neuralink откако јавноста дозна за нејзиниот проблем со мозокот. Познатата личност и натаму останува во центарот на вниманието поради промоцијата на спорни здравствени производи. „Ким Кардашијан се подготвува да ни продаде чипови за мозок – во најмала рака ќе биде некој нов додаток или витамин, но ова е најстрашниот начин досега!“, напиша корисник на X. Други сметаат дека низ јавното прикажување на нејзините загуби и проблеми, таа подготвува терен за промоција на brain chip технологијата.

Наводна соработка меѓу Кардашијан и Илон Маск за промоција на Neuralink предизвикува јавна загриженост

Neuralink: Мозочен чип кој ветува иднина меѓу човекот и машината, но сега ги враќа основните движења на парализирани лица

Neuralink, компанија основана од Илон Маск во 2016 година, има цел да ги спои човечкиот мозок и вештачката интелигенција. Во 2019 година ја претставенија N1 имплантот, уред голем како паричка, кој се вградува во черепот со влакнести нишки потенки од човечко влакно, поставени директно во мозокот. Со овој уред се следат и се преведуваат електричните сигнали од мозокот во движења, како што е поместување на курсорот на екранот.

Neuralink: Мозочен чип кој ветува иднина меѓу човекот и машината, но сега ги враќа основните движења на парализирани лица

Вистински приказни: Парализирани лица повторно пишуваат, цртаат, и се поврзуваат преку мозочниот интерфејс

Во јули, Одри Круз стана деветата личност со имплантиран Neuralink уред. Таа е целосно парализирана повеќе од 20 години и првпат го напиша своето име на екран со помош на мислите, користејќи виолетовo електронскo пенкало. Операцијата вклучуваше отворање дупка во черепот и поставување 128 конци потенки од влакно директно во моторниот кортекс. Уредот се напојува со батерија која се полни безжично, а невронските импулси ги испраќа до компјутер преку Bluetooth. Истражувањата се’ уште се во рана фаза, а долгорочните последици ги анализираат научниците.

Вистински приказни: Парализирани лица повторно пишуваат, цртаат, и се поврзуваат преку мозочниот интерфејс

Неизвесна иднина: Засега мозочните чипови не читаат мисли и не ги прават луѓето „поумни“, но кај пациентите враќаат дел од изгубената независност

Првиот корисник на N1 чипот, Ноланд Арбау, се соочи со ретракција на конците кон моторниот кортекс и потреба за прилагодување на уредот, за да се одржи врската со неговиот мозок. Засега, чиповите не можат да „читаат мисли“ освен за строго двигателни задачи. Но за осумте досегашни пациенти, оваа технологија им врати парче независност изгубена со години. Иднината и понатаму остава многу прашања, а Кардашијан се’ уште не одговорила на прашањата од медиумите.

Неизвесна иднина: Засега мозочните чипови не читаат мисли и не ги прават луѓето „поумни“, но кај пациентите враќаат дел од изгубената независност