No Image x 0.00 + POST No Image

„Телото почна само да ми се јаде, за малку ќе умрев“: Потресна исповед на руски режисер кој му се спротивстави на Путин

SHARE
26

Андреј Звјагинцев, 62-годишниот руски режисер кој некогаш беше славен како духовен наследник на Андреј Тарковски, денес живее во егзил во Париз. Руските власти го прогласија за „странски агент“, а доколку се врати во татковината, му се закануваат итно апсење и долгогодишен затвор. Во интервју за „Гардијан“ (The Guardian), тој ја раскажува параболата за витезот на крстопатот: ако тргне налево, ќе го изгуби коњот; ако тргне надесно - ќе ја изгуби главата. „Тоа е многу руска приказна“, вели тој со горчлива насмевка. Наместо својот коњ, Звјагинцев го изгуби својот дом - и за малку ќе го изгубеше животот.

„Телото почна само да ми се јаде, за малку ќе умрев“: Потресна исповед на руски режисер кој му се спротивстави на Путин

Од сцената во Кан го повика Путин да „ја прекине оваа касапница“

Неговиот нов филм „Минотаур“ (Minotaur) е вовлекувачка драма за личната и политичката корупција на позадината на војната во Украина. Филмот ја освои Големата награда на жирито на годинешниот филмски фестивал во Кан и беше избран како официјален предлог на Франција за престижните награди „Оскар“. Директно од сцената во Кан, Звјагинцев јавно го повика Владимир Путин да „ја прекине оваа касапница“. По тоа, во септември Москва официјално го запиша во озлогласениот регистар на „странски агенти“. Иако филмот е снимен во Латвија со француско финансирање, режисерот е дециден: „Ова не е антируска пропаганда. Ова е повик за помош“.

Од сцената во Кан го повика Путин да „ја прекине оваа касапница“

Клебсиела му уништи 92 проценти од белите дробови, а лекарите секој ден ја подготвувале сопругата за најлошото

Пред битката за враќање кон кинематографијата, Звјагинцев извојува друга, многу потешка битка - онаа за сопствениот живот. Во летото 2021 година, по вакцинација и прележан ковид, во неговиот организам се разви тешка бактериска инфекција (Klebsiella), која уништи дури 92 проценти од неговите бели дробови. Режисерот беше итно префрлен на клиника во Германија, каде што помина 40 дена во вештачка кома и вкупно 11 месеци во болничко лекување. „Август 2021 година. Тој период го поврзувам исклучиво со смртта. Секој божји ден лекарите ѝ велеа на сопругата: ,Бидете подготвена, тоа може да се случи денес‘. Бев буквално на милиметар од смртта“, се присетува режисерот. Поради екстремно тешка полиневропатија, тој морал одново да учи да држи нож и виљушка и повторно да учи да оди.

Клебсиела му уништи 92 проценти од белите дробови, а лекарите секој ден ја подготвувале сопругата за најлошото

Во германската болница ја слушнал веста за инвазијата и помислил дека Русија веќе не е негова земја

Додека лежел во германската болница, во февруари 2022 година Звјагинцев ја дознал веста за почетокот на руската инвазија врз Украина. „Првата мисла што ми помина низ главата беше дека тоа веќе не е мојата земја“. Неговата лична пресвртница се надоврза на долгата и болна разделба со официјална Москва. Некогаш поздравуван од Кремљ по освојувањето на „Златниот лав“ во Венеција за ремек-делото „Враќање“ (2003), тој падна во немилост по бескомпромисните социјални драми „Елена“ (2011) и светски признатиот „Левијатан“ (2014).

Во германската болница ја слушнал веста за инвазијата и помислил дека Русија веќе не е негова земја

„Ние сме како семејство космонаути во бестежинска состојба“

Денес режисерот гради сосема нов живот во Франција заедно со сопругата Ана и нивниот син Пјотр. Прилагодувањето е исклучително тешко, особено за тинејџерот кој мораше да ги остави сите свои пријатели во Русија. „Ние сме како семејство космонаути во бестежинска состојба“, ја опишува Звјагинцев моменталната реалност. И покрај тешките здравствени последици, снимањето на „Минотаур“ се покажало како најуспешната рехабилитација за него. Тој веќе го планира својот следен филмски проект - веројатно на англиски или француски јазик - и категорично одбива да прифати дека неговиот живот влегува во некаква завршна фаза. „Сметам дека ова е само третиот чин од драма напишана во четири чина. Со епилог. И со продолжение“.

„Ние сме како семејство космонаути во бестежинска состојба“

-->