No Image x 0.00 + POST No Image

Директорка на технолошка компанија од Калифорнија го бара мажот од своите соништа, но тој мора да исполни одредени услови за да излезе со неа

SHARE
25

Брук Лебланк, директорка во технолошката компанија Corgi од Сан Франциско, стана вирална откако на X објави ултраспецифична листа на љубовни „услови за кои нема преговарање“. Таа побара од корисниците на X да ѝ помогнат да го најде мажот од своите соништа. „Кој сака да биде коосновач на остатокот од мојот живот со мене?“ напиша таа, пред да ја објави долгата листа со барања.

Директорка на технолошка компанија од Калифорнија го бара мажот од своите соништа, но тој мора да исполни одредени услови за да излезе со неа

Мајка ѝ сега ги чита одговорите и ѝ ги праќа „оние кои се слатки“

Сега изгледа дека потенцијалните кандидати имаат уште една личност што треба да ја импресионираат, а таа можеби е најстрогиот интервјуер од сите. „Фуснота: Сега ке мора да добиете и одобрение од мајка ми, бидејки таа ги чита одговорите и ми праќа ‘кои се слатки,’“ напиша Лебланк. „Душо, не знам што по ѓаволите правиш денес, ама типов ми изгледа паметен, смешен и сладок! 🥳!!“

Мајка ѝ сега ги чита одговорите и ѝ ги праќа „оние кои се слатки“

Кои услови мора да ги исполни мажот од нејзините соништа?

Лебланк има прилично јасна претстава за тоа каков партнер бара, а некои од нејзините услови, како што вели, „не се предмет на преговори“. За почеток, мажот треба да има меѓу 35 и 42 години, да биде „здраво мажествен“, паметен, духовит и ведар. Таа сака партнер кој има потреба да се грижи за жената покрај себе и да ја заштитува, а важна ѝ е и неговата финансиска состојба. Тој треба да биде доволно финансиски обезбеден за парите повеќе да не му бидат главна грижа, но сепак да остане вреден и амбициозен. На списокот се и љубезноста, дарежливоста и внимателноста.

Кои услови мора да ги исполни мажот од нејзините соништа?

Без деца засега, но мора „одлучно“ да сака деца

Прашањето за деца е уште една голема ставка на листата: тој не смее да има деца засега, но мора „одлучно“ да сака деца. И емоционалната работа на себе очигледно е задолжителна. Лебланк рече дека нејзиниот идеален партнер треба да биде „на патот на исцелување“, со историја на сериозна посветеност што може да вклучува терапија, книги или ретрити. Постои и правило за далечина. Потенцијалните додворувачи можат да ја запознаат каде било, но таа „нема да излегува ако не живеат во истиот град“. И идниот господин Вистински треба да биде во форма и трезен, бидејки, според листата, „се грижиш за своето здравје“.

Без деца засега, но мора „одлучно“ да сака деца

Нејзината листа со услови предизвика бурни реакции на интернет

Покрај условите за кои не сака да преговара, Лебланк има и неколку дополнителни желби. Би сакала нејзиниот иден партнер да нема претходни бракови или свршувачки и, по можност, да работи во технолошкиот сектор. Исто така, бара човек кој не се плаши да ризикува и чија работа е важен дел од неговиот живот. Листата брзо привлече внимание на интернет и предизвика различни реакции. „Не можам да замислам ништо полошо од тоа да си сингл и да бараш партнер во Сан Франциско“, напиша еден корисник, додека друг се пошегува: „Мислев дека ова е некоја глупост направена со ВИ. Жал ми е што открив дека е вистина.“ Имаше и такви што застанаа во нејзина одбрана. „Ако пристоен и амбициозен маж речеше дека има одредени критериуми за тоа со кого ќе излегува, луѓето немаше ни да трепнат“, напиша Џулија Гурнер на X. „Се надевам дека секој има стандарди за тоа со кого излегува.“

Нејзината листа со услови предизвика бурни реакции на интернет

-->