Татковци на 93 и мајки на 73 години – Запознајте ги најстарите родители во светот кои докажаа дека годините не се пречка за нов живот
Додека младите сè помалку се одлучуваат за деца, некои од највозрасните луѓе во светот и понатаму ја следат својата желба по родителство – и тоа на возраст кога нивните врсници веќе земаат пензија. Запознајте ги храбрите мажи и жени кои станаа родители дури во деветтата и десеттата деценија од својот живот и испишаа нови страници во историјата на семејството. Приказни што ќе ве изненадат, инспирираат, но и натераат да се замислите – дали годините се само број?
In This Article:
- Д-р Џон Левин стана татко на 93 години – прв син со сопругата која е 56 години помлада
- Роберт де Ниро стана татко на седмо дете на 79 години – холивудската ѕвезда сè уште гради семејство
- Бизнисменот на 90 години – Берни Еклстоун и неговата сопруга од 40 години добија син
- Најстар татко по Гинис – Лес Коли доби деветто дете на 92 години и 10 месеци
- Рамџит Рагава од Индија доби прво дете на 94, второ на 96 години
- Маргарет Аденуга роди близнаци на 68 години по неколку обиди со ин витро
- Флавија Алваро стана најстарата мајка во Италија
- Раџо Деви Лохан од Индија дочека ќерка на 70 години по 40 години борба со неплодност
- Далџиндер Каур роди на 72 години во Индија – дете по 46 години обиди за природно зачнување
- Најстарата мајка во историјата – Јерамати Мангајама роди близначки на 73 години
Д-р Џон Левин стана татко на 93 години – прв син со сопругата која е 56 години помлада
Австралискиот доктор Џон Левин стана татко на 93 години, а неговата сопруга д-р Лу има 37 години. За Џон ова е четврто дете – другите тројца од првиот брак се веќе во шеесеттите. Заедно со својата многу помлада сопруга планираат и второ дете. „Децата се радост, без разлика колку години имаш", изјави тој.
Роберт де Ниро стана татко на седмо дете на 79 години – холивудската ѕвезда сè уште гради семејство
Оскаровецот Роберт де Ниро во 2023 година го доби своето седмо дете, на 79 години. Познатиот актер има уште шест деца од претходни односи, со три различни жени. Дури и по толку години пред камерите, приватниот живот му носи најголеми изненадувања.
Бизнисменот на 90 години – Берни Еклстоун и неговата сопруга од 40 години добија син
Непосредно пред да наполни 90, милијардерот и поранешен шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, го доби своето четврто дете – синот Ејс. Неговата сопруга, Фабијана Флоси, тогаш имаше 40 години. „Многу сум среќен што ќе има некој кој ќе се грижи за неа кога мене веќе ќе ме нема", изјави Еклстоун.
Најстар татко по Гинис – Лес Коли доби деветто дете на 92 години и 10 месеци
Австралиецот Лес Коли го доби своето деветто дете речиси на 93-годишна возраст и се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најстар легален татко. Сопругата ја запознал преку агенција за врски кога имал 90 години. Овој рекорд е доказ дека за родителска љубов нема биолошки часовник.
Рамџит Рагава од Индија доби прво дете на 94, второ на 96 години
Рамџит Рагава од Индија во 2010-тата година ја доби својата прва ќерка на 94 години. Две години подоцна, според наводи, повторно стана татко на 96 години, но без официјална евиденција за тоа. Неговата сопруга Шакунтала е 54 години. „Децата се Божја волја“, изјави тој.
Маргарет Аденуга роди близнаци на 68 години по неколку обиди со ин витро
По неколку рунди ин витро оплодување, Маргарет Аденуга од Нигерија на 68 години роди близнаци – момче и девојче. Бебињата беа родени на 37 недели преку царски рез. „Јас сум сонувач, знаев дека оваа наша желба ќе се оствари", изјави таа за CNN во 2020-та.
Флавија Алваро стана најстарата мајка во Италија
Флавија Алваро се смета за најстарата мајка во Италија – на 63 години, по вонматерично лекување во Украина, за време на војна. Таа го роди синот Себастијан со царски рез во Италија, во 2024 година. Без разлика на опасностите и годините, желбата за дете беше посилна од се.
Раџо Деви Лохан од Индија дочека ќерка на 70 години по 40 години борба со неплодност
Раџо Деви Лохан од Индија стана мајка на 70 години откако четири децении се борела за потомство. „Чекавме повеќе од 40 години за ова дете“, изјави таа за Guardian по раѓањето на ќерката Невин.
Далџиндер Каур роди на 72 години во Индија – дете по 46 години обиди за природно зачнување
Далџиндер Каур, Индијка, првпат стана мајка на 72 години благодарение на ин витро оплодување. Заедно со сопругот Мохиндер Синг Гил (80), го одгледаа синот роден во 2016 година, по 46-годишни обиди за природно зачнување.
Најстарата мајка во историјата – Јерамати Мангајама роди близначки на 73 години
Јерамати Мангајама од Индија ја држи титулата најстара родилка во светот по што роди близначки на 73 години преку ин витро оплодување. Девојчињата тежеле само 2 кг при раѓањето во 2019 година. За жал, нејзиниот сопруг ја напуштил година дена по породувањето, оставајќи ја самохрана мајка.