Невообичаени домашни миленици низ целиот свет
Решивме да заминеме на едно необично патување низ светот и да ги покажеме најинтересните и најчудни домашни миленици.
In This Article:
Мечки во руските домови
Во Русија, има семејства кои навистина чуваат мечки како миленици. Сопствениците ги шетаат на поводник – како кучиња – па дури и се појавуваат со нив низ улиците на големите градови. Често мечките живеат заедно со луѓето во ист дом, јадат со нив, гледаат телевизија. Обично се хранат со месо, зеленчук, риба и млеко, а дневно можат да изедат и по 25 килограми храна. Сопствениците се горди на своите впечатливи миленици.
Творови и мравојадци во Америка
Творовите се чуваат како миленици уште од почетокот на 20 век, но денес нивната популарност повторно расте. Тие можат да бидат многу приврзани и благодарни, под услов да им се посветува доволно внимание. Не сакаат да бидат сами долго време и знаат бурно да го покажат своето незадоволство. Живеат околу 10 години и, за среќа на сопствениците, во домашни услови не го користат својот „смрдлив арсенал“. Мравојадците, пак, се егзотика која станува сè почеста во американските домови. Лесно се навикнуваат на своето име и реагираат на него. Јадат свежо овошје и зеленчук и можат да живеат до 20 години. Сепак, нивните долги канџи можат да бидат проблем за мебелот.
Африкански ежови и мини прасиња во Англија
Малите африкански пигмејски ежови станаа омилени меѓу богатите Британци. Високи се околу 13 сантиметри, шарени и толку мали што ги собира во чанта. Лесно се приспособуваат на домашни услови и брзо се врзуваат за сопствениците. Цената на еден ваков еж е околу 300 долари. Многу се чувствителни на студ и во есен и зима треба да се држат на температура од околу 25 °C. Мини или џуџести прасиња се едни од најпопуларните нетипични миленици во Велика Британија, а трендот се шири и во Мексико. Тие се сештојади и релативно лесни за чување. Но, по природа сакаат да копаат, па ако живеете во стан, треба да им обезбедите двор. Се сметаат за чисти, интелигентни и многу се врзуваат за сопственикот. Некои тврдат дека се дури и попаметни од кучињата.
Мајмуни во Индонезија
Во Индонезија, мајмуните често се дел од семејствата – особено таму каде што нема деца. Се облекуваат во облека, спијат во кревет и јадат на маса со луѓето. Овие интелигентни животни знаат дури и да помогнат при чистење на домот. За да се прилагодат на животот со луѓе, мора да се одвојат од мајката уште во рана возраст.