Кој бил всушност Свети Валентин и зошто токму неговото име се врзува со љубовта и денот на вљубените?
Кој бил всушност Свети Валентин и зошто токму неговото име се врзува со љубовта и денот на вљубените? Зад милионите срца и честитки кои се разменуваат на 14 февруари, стои приказна за храброст, вера и трагична љубов.
In This Article:
Вистинскиот Свети Валентин: Лекар, свештеник и маченик од Рим
Валентин бил римски свештени кој живеел од 226 до 269 година и бил познат по тоа што им служел на прогонуваните христијани, кои често биле фрлани пред лавови во Колосеумот како морбидна забава. За неговиот живот не се знае многу, иако се смета дека му пркосел на императорот Клаудиј со тоа што тајно венчавал христијански двојки и покрај забраната од цар Клавдиј II, кој сметал дека неженетите мажи се подобри војници. Дури и делел пергаментни срца како потсетник на Божјата љубов или тајно пренесувал писма меѓу вљубени затвореници. Поради тие причини тој денес се смета за заштитник на љубовта и вљубените – малку противречна улога за вера која во други времиња силно ја нагласувала самодисциплината и воздржувањето.
Жртвата за љубов: Затвор, чуда и смрт од вера
Валентин бил уапсен, мачен и казнет со смрт затоа што ја проповедал верата и ги венчавал вљубените. На 14 февруари бил обезглавен и погребан на христијанските гробишта на Виа Фламинија, близу Понте Милвио на север од градот. Од тогаш, датумот се почитува како празник на Свети Валентин, првпат воспоставен од папата Геласиј I во 496 година во негова чест.
Мит или вистина: Како стана симбол на љубовта и празникот на 14 февруари?
По неговата смрт, Валентин бил прогласен за светец. Со векови, приказните за неговата добрина и жртва за љубовта инспирирале луѓето традиционално на овој ден да си испраќаат љубовни пораки и да го слават љубовта. Черепот на Свети Валентин, украсен со цветови, е изложен во базиликата „Санта Марија ин Космедин“ во Рим, додека останатите негови мошти се чуваат во црквата „Свети Антон“ во Мадрид, Шпанија. Единствен исклучок е неговото срце, кое од 1836 година се чува во црквата „Вајтфрајар“ во Даблин, Ирска, и претставува место на христијанско поклоништво за оние кои трагаат по вистинска љубов.
Од легенда до денес: Свети Валентин останува вечен симбол на љубовта
Денес, Свети Валентин е празник кога се слави љубовта без граници, неговата жртва и порака за вистинска љубов остануваат инспирација низ светот.