No Image x 0.00 + POST No Image

Суперинтелигентната AI ќе го уништи општеството за една година, тврди технолошки директор

SHARE
2

Човештвото е само една година далеку од појава на суперинтелигентна AI, што целосно ќе го промени општеството, тврди врвниот технолошки експерт Дарио Амодеи. Тој е директор на Anthropic, компанија вредна 47 милијарди фунти, која е ривал на ChatGPT. Амодеи ги дефинира суперинтелигентните ботови како машини што ќе бидат попаметни од повеќето добитници на Нобелови награди.

Суперинтелигентната AI ќе го уништи општеството за една година, тврди технолошки директор

Владите треба да реагираат побрзо

Аи експертот ги повикува владите да се подготват што е можно побрзо и да утврдат како ќе функционира секојдневниот живот кога вештачката интелигенција ќе стане „попаметна од сите нас во сè“. Според него, милиони луѓе ќе останат без работа, а единствениот излез ќе биде воведување универзален основен приход за оние што ќе бидат заменети со технологијата. „Мораме брзо да најдеме нов начин како да функционираме“, вели Амодеи. „Но, тоа не е конечниот одговор, бидејќи работата не е само извор на приходи – таа е и основа за структурирање на општеството.“

Владите треба да реагираат побрзо

Дали AI ќе биде пресвртница за човештвото?

И покрај опасностите, Амодеи верува дека суперинтелигентната AI би можела да донесе позитивни промени, создавајќи „земја на генијалци во дата центар“. Според него, овие напредни системи би можеле да дешифрираат научни истражувања кои траат со децении, да откријат тајната за долговечност од 200 години или дури да пронајдат лекови за речиси сите болести. „Нема ништо во биолошките проблеми што луѓето не можат да го разберат“, објаснува Амодеи. „Но, AI може многу побрзо да ги обработи сите овие податоци. Тоа е како натпревар меѓу земја на генијалци и група клетки – јас мислам дека AI ќе победи.“

Дали AI ќе биде пресвртница за човештвото?

Motika#28281

SHARE
1
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#28279

SHARE
1
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#28354

SHARE
5
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#28347

SHARE
2
No Image
LOADING COMMENTS

Motika#28306

SHARE
1
No Image
LOADING COMMENTS
more