„Сум била 30 пати во Северна Кореја и тоа е сосема нормална земја - но има строго правило што треба да го следат сите туристи за си немаат проблеми
Британката Зои Стивенс (31) од Ливерпул тврди дека Северна Кореја не е толку „страшна“ како што светот мисли. Таа ја посетила земјата дури 30 пати од 2016 година наваму и водела туристи од Велика Британија, Германија, Холандија и Австралија. Споделувајќи видеа од своите прошетки низ Пјонгјанг на TikTok, Зои прикажува што значи „нормален живот“ таму – и покрај тоа што многумина ја обвинуваат дека шири пропаганда. Таа вели дека сака да ја покаже човечката страна на земјата, а не само политичката. „Луѓето си живеат нормален живот. Сакам да одам на планинарење, да пијам кафе, да си направам фризура во Пјонгјанг – сосема обични работи“, вели таа.
In This Article:
Правила за туристите – што мора да се почитуваат
Иако ја прикажува земјата како мирна, Зои отворено зборува за строгите правила кои мора да се следат. Секој турист мора да има двајца водичи, не смее да патува сам, и не смее да фотографира војска, градилишта или да прави шеги со споменици на лидерот Ким Џонг Ун. „Секогаш пред турите имам едночасовен брифинг со туристите за да им ги објаснам правилата и да ги заштитам“, објаснува Зои.
Туризмот повторно оживува по короната
Северна Кореја ги затвори границите во 2020 година поради пандемијата и не прими странци речиси пет години. Властите дури во 2022 официјално признаа случај на ковид. Сега, границите повторно се отворени, а Зои беше меѓу првите што повторно влегоа во земјата. Турите обично почнуваат во Пекинг, Кина, и потоа продолжуваат кон Пјонгјанг. Пред влез во земјата, туристите мора да ги запишат сите електронски уреди што ги носат – листата мора да се совпадне при излезот од земјата, за властите да бидат сигурни дека не сте оставиле ништо „политички чувствително“.
„Нормални луѓе, нормален живот“ – но без интернет, банкомати или слобода
Иако Зои прикажува позитивна слика, Северна Кореја е една од најзатворените и најсиромашните држави во светот. Нема пристап до интернет, мобилна мрежа е ограничена, а банкомати практично не постојат. Земјата е позната по својата диктатура, политички затвореници и ограничени слободи. Зои сепак инсистира дека не се чувствувала небезбедно и дека народот е најубавото нешто од целото нејзино искуство. „Можеби изгледа како пропаганда, но тоа се само луѓе кои живеат свој живот“, вели таа.
И други западњаци го откриваат „тајниот свет“
Зои не е единствена. Британскиот YouTuber Мајк О'Кенеди неодамна патувал пет дена во Северна Кореја, во специјалната економска зона Расон. Посетил фабрика за вода без работници и гледал деца како изведуваат песна за Ким Џонг Ун. И тој морал однапред да ја организира целата тура и на граничниот премин да ги наведe сите свои уреди. „Не сакаат да внесете книга за Северна Кореја или USB со политички содржини“, вели тој. Прозорците во авионот дури морале да бидат затворени за да не го гледаат пејзажот одозгора.