На 24 август започнува судењето за Груби и уште седум лица за случајот „Лотарија“
Случајот со Државна лотарија влегува во судска фаза. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против осум лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението, незаконските постапки предизвикале материјална штета од 507,6 милиони денари.
507,6 милиони денари штета во обвинението за Државна лотарија
Обвинителството тврди дека обвинетите биле свесни дека Државната лотарија немала право самостојно да приредува електронски игри на среќа преку видеолотариски терминали. И покрај тоа, во 2023 година биле преземени активности за повторно воведување на оваа дејност.
Перпарим Бајрами е во бегство, за Груби се бара продолжување на куќниот притвор
За поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој е во бегство, е побаран 30-дневен притвор. За поранешниот вицепремиер Артан Груби е предложено продолжување на куќниот притвор, додека за останатите обвинети се предложени мерки на претпазливост. Главната расправа е закажана за 24 август, а Груби веќе шести месец е во куќен притвор.