No Image x 0.00 + POST No Image

Проверките на МОН покажаа различни недостатоци кај институтите: Веќе се затворени 18 институти, уште неколку се пред затворање

SHARE
25

Министерството за образование и наука соопшти дека комисијата извршила проверки во повеќе високообразовни и научни установи и утврдила неправилности што веќе довеле до затворање институти и до пријави кај надлежните органи. Министерката Весна Јаневска за ТВ Сител, во емисијата „Тема на денот“, објасни дека контролите не откриле само административни пропусти, туку и случаи што отвораат сомнежи за начинот на работа на дел од установите.

Проверките на МОН покажаа различни недостатоци кај институтите:  Веќе се затворени 18 институти, уште неколку се пред затворање

Институт за мода и дизајн во Тетово е меѓу 18-те затворени институти

На списокот на затворени установи се најдоа и Институтот за бизнис економија во Скопје, Институтот за геобиологија, археологија и подземни води во Скопје, како и други институти кај кои Министерството констатирало различни недостатоци. Дел од нив, според Јаневска, немале исполнети услови за научници кои треба да работат во институтот, дел немале програма за научно-истражувачка работа, а во некои случаи просториите биле несоодветни за дејноста што ја пријавиле.

Институт за мода и дизајн во Тетово е меѓу 18-те затворени институти

Три до четири институти сами ставиле клуч кога почнале проверките

Министерката посочи дека дел од установите не чекале крај на постапката. Откако почнале контролите, три до четири институти сами се затвориле. Тој податок дополнително ја отвора сликата за систем во кој формалното постоење на една институција не секогаш значело дека зад неа има реални услови, програма и стручен кадар.

Три до четири институти сами ставиле клуч кога почнале проверките

„Тоа реално не е можно“, рече Јаневска за случајот со студентката

Кај универзитетите, како што појасни Јаневска, ситуацијата била поинаква: имало пријави за несоодветно трошење средства од буџетот што го дава државата, за неправилен упис, за фалсификувани дипломи и за назначување во несоодветно звање. „За една приватна високообразовна установа имаме пријава до истражните органи и обвинителството за фалсификување диплома. На пример, студентка во еден месец положила 14 до 17 испити, а во истовреме студирала и додипломски и постдипломски студии. Тоа реално не е можно. Не сум слушнала никаде во светот да се положат во еден месец 14 испити и да се биде и на додипломски и на постдипломски студии“, рече Јаневска.

„Тоа реално не е можно“, рече Јаневска за случајот со студентката

-->