No Image x 0.00 + POST No Image

Страв се вовлече меѓу странците во Германија „Да ги спакуваме куферите додека не биде доцна!“

SHARE
0

Се посилниот политички подем на десничарската партија AfD, Alternative für Deutschland, создава се поголема нелагодност и загриженост меѓу странските работници и иселеничките заедници низ Германија. Во познатите мултикултурни населби, прашањето за заминување од Германија веќе не е далечна мисла, туку тема што се појавува во секојдневните разговори.

Страв се вовлече меѓу странците во Германија „Да ги спакуваме куферите додека не биде доцна!“

Хасан пред продавница за електроника на „Коти“ ја гледа Германија што ја избрал пред 20 години

Во пресрет на новите избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, во населби како берлински Кројцберг, можноста за иселување од Германија одеднаш стана една од главните теми. Обетка, седа коса врзана во опавче, очила за читање на главата: 50-годишниот Хасан седи пред продавницата за електроника во која работи и ја набљудува вревата на берлинскиот плоштад Котбусер Тор, познат како „Коти“. Во германската престолнина пристигнал пред 20 години од Анкара, пишува Focus. Германија за него и за неговите турски сонародници, вели, „секогаш значела многу добро“ – слобода, демократија, толеранција и благосостојба. Но, она што сега се случува, според Хасан, оди во погрешна насока. Мисли на јакнењето на AfD. „Она што таа партија го планира со Германија за мене значи почеток на крајот на сето она што ја правеше оваа земја вредна за живот и сакана“, вели Хасан. Темата за иселување одеднаш е на сите усти, пишува Fenix.

Хасан пред продавница за електроника на „Коти“ ја гледа Германија што ја избрал пред 20 години

На 20 септември се гласа во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, а AfD во Кројцберг претходно освои само 3,7 проценти

По Саксонија-Анхалт, Берлин и Мекленбург-Западна Померанија избираат нови парламентарни состави. На улиците на шарениот Кројцберг присуството на AfD речиси и да не се гледа – на плакатите доминираат Зелените, Левицата, CDU и SPD. На повторените избори во 2023 година AfD во Кројцберг освои само 3,7 проценти, пред се затоа што секој втор жител има мигрантско потекло. Но, во анкетите на сојузно ниво, партијата достигнува речиси 30 проценти. Токму таа разлика меѓу улицата што ја гледаат луѓето и бројките што се појавуваат во анкетите ја храни неизвесноста.

На 20 септември се гласа во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, а AfD во Кројцберг претходно освои само 3,7 проценти

Омер покажува праски од 2,99 евра за килограм и вели дека би ја вратил германската марка

Трговецот со овошје и зеленчук Омер, 44-годишен, роден во Берлин како син на турски доселеници, е огорчен од владејачката црно-црвена коалиција. Струјата, кириите и горивото, вели, станале прескапи. „Погледни ги праските, 2,99 евра за килограм. Пред 25 години чинеа 1,50 марки. Со радост би ја вратил германската марка“, вели Омер. И понатаму смета дека е исправно што Германија финансиски и воено и помага на Украина, но додава: „Политичарите полека би требало да се запрашаат дали не би можеле да направат повеќе за домашната економија.“ Иако ја сака својата населба, Омер признава дека има дилеми околу миграциската политика: „Улицата Зоненале со сите оние Арапи… тоа е премногу дури и за мене.“ Сепак, за AfD никогаш не би гласал: „Омразата што ја шират е неподнослива. Ако AfD овде и во остатокот од земјата стане уште посилна и дојде на власт, со сопругата и децата ќе се иселам во Турција, иако всушност не сакаме да заминеме.“

Омер покажува праски од 2,99 евра за килограм и вели дека би ја вратил германската марка

Ахмед нема право на глас, но за криминалците меѓу странците вели „тие мора да си заминат, надвор од Германија“

Пред блискиот локал седи Ахмед, 22-годишен Курд од Ирак, кој во Германија живее седум години. Работи „mini-job“ и се надева дека ќе го надомести школувањето, ќе добие вистинска работа и ќе живее нормално. Не смее да гласа, но за AfD знае: „Расизмот што доаѓа од нив ме растажува. Но што се однесува до депортацијата на странците кои не се држат до правилата и прават кривични дела – јас сум на исто мислење: тие мора да си заминат, надвор од Германија.“ Само една улица понатаму, пред ресторан седи 48-годишната Паиз, исто така Курдка од Ирак. За разлика од Ахмед, во Берлин е веќе две децении, има германско државјанство, води сопствена агенција за недвижности, работи како службен правен старател, а нејзините три деца студираат во Виена. Во Германија досега секогаш се чувствувала сигурно, но расположението нагло се променило.

Ахмед нема право на глас, но за криминалците меѓу странците вели „тие мора да си заминат, надвор од Германија“

Паиз вели дека германскиот пасош не би ја заштитил ако AfD почне самоволно да одлучува

„Поради победата на AfD во Саксонија-Анхалт и јакнењето во целата земја, првпат имам страв дека овде повеќе не сум сигурна. Знам дека мојот германски пасош не би ме заштитил од самоволието на AfD бидејќи јас не сум ‘био-Германка’ (изворна Германка)“, предупредува Паиз и заклучува: „Иселувањето сега е главна тема во мигрантските кругови. Сите зборуваат за тоа и сите се плашат. Моето семејство и јас веќе размислуваме во која земја би можеле да се преселиме ако AfD дојде на власт.“ Од друга страна, 50-годишниот Хасан од почетокот на приказната се уште не сака да се откаже. Во Германија има право на глас веќе десет години и најавува дека ќе ја избере Die Linke за да испрати политички сигнал. Но признава: ако не се создаде јасно мнозинство против AfD, и тој на крајот би можел засекогаш да и го сврти грбот на Германија.

Паиз вели дека германскиот пасош не би ја заштитил ако AfD почне самоволно да одлучува

-->