No Image x 0.00 + POST No Image

Чаша вода како мираз - приказната што ја расплака цела Индонезија

SHARE
20

Во време кога во многу азиски земји миразот претставува финансиски терет и главна точка на преговарање за иднината на младоженецот и невестата, приказната на Хар и Рохани ги стопи срцата на Индонезијците. Наместо богатства и злато, младоженецот понуди само една обична чаша вода – и невестата го прифати дарот со благодарност.

Чаша вода како мираз - приказната што ја расплака цела Индонезија

Во Азија миразот може да биде неподнослив товар за сиромашните семејства

Во Индија и Пакистан, миразот на невестата доаѓа заедно со големо финансиско обврзување, додека во Индонезија и Кина, мажот плаќа откуп на невестата. Понекогаш износите се толку високи што семејствата штедат со години, или дури се принудени да се откажат од иднината на своите ќерки.

Во Азија миразот може да биде неподнослив товар за сиромашните семејства

Љубовта над парите: Невестата Рохани побара само чаша вода

Хари доаѓа од сиромашно семејство што би ја направило свадбата речиси невозможна според локалните обичаи. Но, за време на церемонијата во џамијата Алфалах во Ачех, Рохани не побарала ниту пари, ниту злато – само една чаша вода. Со овој гест го прифатила новиот живот со сопругот, докажувајќи дека љубовта и довербата имаат поголема вредност од материјалното.

Љубовта над парите: Невестата Рохани побара само чаша вода

Свадбите во Индонезија често се откажуваат поради алчноста за поголем мираз

Не ретко, свадбите се расипуваат ако родителите на невестата бараат се поголем мираз. Има случаи кога две семејства се степале уште во џамијата, затоа што младоженецот не можел да ја исплати целата договорена сума. Пример: се барале 50 милиони рупии, а младоженецот можел да даде само 25 поради ниската плата. Спорот довел до физички конфликт, а невестата завршила посрамотена. Во индонезиската традиција, миразот честопати служи и како финансиска заштита за жената и децата. Одлуката на Рохани, да не бара ништо освен знак на внимание и добрина, се смета за смела, дури и луда. Многумина се восхитуваат на нејзината доверба, но се прашуваат – дали сите се подготвени да прифатат таква жртва во име на љубовта?

Свадбите во Индонезија често се откажуваат поради алчноста за поголем мираз