No Image x 0.00 + POST No Image

Споменик на бугарската азбука откриваат во Лос Анџелес и ниту едно фала не ни рекоа

SHARE
0

Во Лос Анџелес, Калифорнија, официално се открива споменик посветен на таканаречената „бугарска азбука“. Свечената церемонија е закажана пред седиштето на Бугарско-американското културно-образовно друштво на Калифорнија (BACES), на булеварот Вермонт, во непосредна близина на светски познатиот булевар „Сансет“. Настанот привлече големо внимание кај тамошната заедница, бидејки го означува поставувањето на првиот ваков монумент на американскиот Западен брег.

Споменик на бугарската азбука откриваат во Лос Анџелес и ниту едно фала не ни рекоа

Двометарскиот „Будител“ во бронза ги носи буквите А, Б, В и Г

Скулптурната композиција е дело на уметникот и долгогодишен холивудски аниматор Бронислав Ликоманов, кој со децении живее и твори во Лос Анџелес. Во делото е прикажана стилизирана рака на просветител која држи отворена книга, а книгата метафорично се претвора во птица во лет. Во основата се врежани првите кирилични букви, како јасен визуелен знак на писменоста што монументот сака да ја претстави.

Двометарскиот „Будител“ во бронза ги носи буквите А, Б, В и Г

Проектот почнал во 2021 година, за време на пандемијата, на иницијатива на Бојко Христов

Инициативата ја покренал тогашниот генерален конзул на Бугарија во Лос Анџелес, Бојко Христов. Реализацијата се одвивала во соработка со фондацијата BgFACE (Bulgarian Foundation for Arts, Culture and Education), со директна финансиска поддршка од бугарското Министерство за надворешни работи и преку опсежна донаторска акција меѓу бугарските иселеници во Соединетите Американски Држави.

Проектот почнал во 2021 година, за време на пандемијата, на иницијатива на Бојко Христов

-->