Спиете ли мирно штипјани: Во Велес направија џиновска пастрмалија од 4,4 метри
На годинашната Велешка питијада беше подготвена џиновска велешка пастрмалија, долга рекордни 4,4 метри. Од нејзината хуманитарна продажба беа собрани 15.400 денари.
Шест до седум часа подготовка, 12 минути на маса
Питата била изедена за само 12 минути, иако за нејзината подготовка биле потребни шест до седум часа. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за набавка на прехранбени пакети во рамките на Неделата на борба против гладта.
„Гемиџии“ ја продолжи ланската пастрмалија за уште 10 сантиметри
Пастрмалијата е донација од велешката фурна „Гемиџии“, а годинава е за 10 сантиметри подолга од ланската. Во подготовката учествувале 10 пекари, кои употребиле 17 килограми брашно, од кое добиле 28 килограми тесто, 45 килограми свинско месо, 370 јајца и сало.