No Image x 0.00 + POST No Image

Рецепт: Совршениот италијански леб без месење

SHARE
20

Нема ништо поубаво од мирисот на свежо испечен леб кој се шири низ кујната. Денес ви ги откриваме тајните на италијанскиот леб без месење – совршено крцкав однадвор и неверојатно мек однатре, подготвен за само еден час! Совршен избор за секоја домашна трпеза и за секој љубител на топло парче леб со растопен путер.

Рецепт: Совршениот италијански леб без месење

Потребни состојки за италијански леб кој не бара месење

За подготовка ви се потребни: • 100 мл топла вода • 8 г квасец • 1 лажичка шеќер • 575 г брашно • 350 мл топла вода • 1 лажичка сол • 30 мл маслиново масло • брашно за посипување

Потребни состојки за италијански леб кој не бара месење

Како да го направите италијанскиот леб – чекор по чекор до совршен резултат

1. Во 100 мл топла вода додадете квасец и шеќер. Оставете да отстои 15 минути. 2. Во посебен сад измешајте брашното и 350 мл топла вода, потоа додадете го активираниот квасец. Добро промешајте. 3. Додајте сол и нежно замесете го тестото. 4. Додајте маслиново масло и уште еднаш кратко промешајте. 5. Оставете тестото да одмори 15 минути. 6. Преклопете ги рабовите на тестото 8–10 пати. Оставете да одстои уште 15 минути и повторно преклопете. 7. Најлесно со подмачкани раце, ставете го тестото да одмори 1 час. 8. Поделете го на 4 дела, богатo посипете со брашно и покријте со крпа за 30 минути. 9. Печете на 200 °C – 25 минути, потоа уште 10 минути само на горен и долен греач. И тоа е сé – вашиот домашен италијански леб е готов!

Како да го направите италијанскиот леб – чекор по чекор до совршен резултат

-->