No Image x 0.00 + POST No Image

Најстрого чуваната тајна на Ким Џонг Ун: 2.000 девојки како „одред за задоволства“ за севернокорејската елита

SHARE
18

Зад строгите лица на армијата на Корејската Народно Демократска Република се крие една од највознемирувачките тајни на државата. Постои строго тајно женско специјално одделение наречено „Кипимџо“ – бригадата на радоста, позната и како „одред за задоволства“. Над 2.000 млади девојки ги забавуваат највисоките партиски и воени функционери во земјата, додека обичните граѓани се соочуваат со сиромаштија и ограничена слобода.

Најстрого чуваната тајна на Ким Џонг Ун: 2.000 девојки како „одред за задоволства“ за севернокорејската елита

Кипимџо: Фабрика за среќа, а не обичен харем во Кореја со долгогодишна традиција под диктаторски надзор

Кипимџо е повеќе од харем – тоа е институција создадена да обезбеди уживање и среќа за политичката и воената елита. Основана уште во 1978 година од Ким Ир Сен, дедото на сегашниот лидер, тaa прерасна во луксузен механизм што ги забавува најмоќните луѓе во државата. Ким Џонг Ун, познат по својот интерес за раскош, се погрижил одделението да прерасне во „жива фабрика на среќата“, и лично учествува во изборот на девојките.

Кипимџо: Фабрика за среќа, а не обичен харем во Кореја со долгогодишна традиција под диктаторски надзор

Три елитни групи: Пејачки и танчерки, масерки и лични забавувачки – организација со строги улоги

Кипимџо е поделена на три главни групи: Прва – Камуџо, „тимот за песни и танци“, кој настапува со возбудливи песни и провокативни танци пред високите гости. Втора – Хенбокџо, „тимот за масажа и среќа“, чии вешти раце ги релаксираат изморените воени и партиски лидери. Трета – Манџокџо, најелитниот оддел, задолжен за најдискретните и лични услуги. Овие девојки се подготвени за сè, по специјална обука која ги прави најпосакуваните „современи гејши“ на Северна Кореја.

Три елитни групи: Пејачки и танчерки, масерки и лични забавувачки – организација со строги улоги

Привилегија или билет од сиромаштијата: Како се станува дел од Кипимџо и што следува потоа

Во Северна Кореја, многу млади жени гo сметаат влезот во Кипимџо за огромна чест и можност да се избават од немаштијата. Девојките се одбираат не само по убавина и тело, туку и по интелигенција и способност за разговор. Тие добиваат луксузна странска долна облека и изгледаат недостижно според стандардите на просечната Севернокорејка. Најдобрите стануваат љубовници, па дури и сопруги на елитата. Се верува дека и сегашната сопруга на Ким Џонг Ун, Ли Сол Џу, кариерата ја почнала токму тука.

Привилегија или билет од сиромаштијата: Како се станува дел од Кипимџо и што следува потоа

Тајниот механизам на моќ: Од задоволство до контрола над елитата преку „Кипимџо“

Кипимџо не е само инструмент за задоволување – тоа е и алатка за политичка контрола. Личностите од врвот често се откриваат во интимни моменти, споделувајќи вредни информации со девојките, кои потоа можат да бидат пренесени до моќниот Државен оддел за безбедност. Така, Ким Џонг Ун не само што ја задоволува елитата, туку и ја држи под строго следење и контрола.

Тајниот механизам на моќ: Од задоволство до контрола над елитата преку „Кипимџо“