No Image x 0.00 + POST No Image

Дечкото ја шокираше девојката со сметка од 250 долари за тоа што се гледале изминатиот месец - и тоа детално разработена во Excel

SHARE
25

Замислете, го запознавате совршениот партнер: и иницијатива, романтика и внимателност. Но, одеднаш, после еден месец состанувања – добивате детална сметка во Excel за љубовните вечери, со барање: исплати 249 долари за твојот дел од романтиката. Ова е вистинската приказна на 23-годишната Американка која денес се прашува – дали финансиите целосно го уништија духот на запознавањето?

Дечкото ја шокираше девојката со сметка од 250 долари за тоа што се гледале изминатиот месец - и тоа детално разработена во Excel

Тој беше џентлмен, но потоа дојде пресметката – Excel сметката со детални трошоци

Врската започнала со иницијатива од неговата страна – планираше трки, возење велосипеди, излети на плажа и вечери. Тој секогаш се нудеше да плати, да покани и да организира. Но, по само еден месец интензивни состаноци, 32-годишниот партнер ѝ испратил табела каде прецизно ги наведува сите излегувања, кафе барови, вечери, па дури и купени цигари. Сметката стигнала речиси до 250 долари.

Тој беше џентлмен, но потоа дојде пресметката – Excel сметката со детални трошоци

„Можеш ли да ми пратиш преку Venmo?“: Од романса до бизнис трансакција

„Одвратно ми е што морам да прашам, но можеш ли да ми пратиш нешто за последните неколку недели?“ – вака започнала неговата порака, придружен со табела во Excel. Износот бил образложен до последен денар: сметки во кафулиња, вечера, такси, па и пакетче цигари. На крајот дури и дал попуст: од тие 249 долари, барал „само“ 100. Кога ги доби парите, побара уште – овој пат за долг на негов пријател.

„Можеш ли да ми пратиш преку Venmo?“: Од романса до бизнис трансакција

Чувството на предавство и чуден однос: Љубов или финансиска пресметка?

„Не ми се верува – тој беше толку внимателен, го почитуваше темпото на врската, дури чекаше стрпливо за првиот бакнеж. А потоа си бара исплата во табела!“ – напиша разочараната девојка на Reddit. Се чувствувала како предмет во финансиска размена, а не партнерка во љубовна приказна. "Во неколку наврати јас плаќав, но никогаш не водев сметка колку или побарав да ми врати. Зарем врските треба да бидат вака?"

Чувството на предавство и чуден однос: Љубов или финансиска пресметка?

Реакцијата на јавноста: „Ова е аларм за прекин на врска“

Корисниците на социјални мрежи се згрозени. „Ова изгледа како сцена од Американски психо. Бегај од тука,“ коментира еден. Други истакнуваат: „Врската не е бизнис-трансакција. Довербата и фер-односи се градат органски, не со фактури и табели.“ Општиот заклучок – маж кој работи две работи, а не може да ги среди личните финансии, има поголеми проблеми од љубовни долгови.

Реакцијата на јавноста: „Ова е аларм за прекин на врска“