No Image x 0.00 + POST No Image

Скок за планетата: Бразилски падобранец со 100 милиони семиња го пошуми Амазон

SHARE
42

Бразилскиот падобранец Луиџи Кани го изведе едно од најсмелите пошумување досега – од 4.200 метри височина, тој испушти 100 милиони семиња над уништена област од Амазонската прашума. Семињата, внимателно избрани од 27 автохтони видови со висока стапка на преживување, беа распоредени со прецизна техника за да се овозможи рамномерна дистрибуција и оптимално ртење. Мисијата бараше месеци подготовки, специјализирана опрема и координација.

Скок за планетата: Бразилски падобранец со 100 милиони семиња го пошуми Амазон

Зошто е ова важно?

1. Амазонската прашума има изгубено повеќе од 17% од својот шумски покрив. 2. Обновата на шумите помага да се врати биодиверзитетот. 3. Овие смели акции нудат нови начини за еколошка интервенција. Луиџи Кани покажа дека страста и храброста можат да се спојат во акција што буквално ги оживува „белите дробови на планетата“. 🌱 Па, дали и вие би го ризикувале ли животот за Земјата?

Зошто е ова важно?