No Image x 0.00 + POST No Image

Скандалозните и најнезгодни моменти на корејските модели на црвениот тепих

SHARE
25

Црвениот тепих е симбол за гламур, внимание и слава – но понекогаш, токму таму се случуваат најнепријатните моменти кои успеваат да го засрамат целиот свет. Корекцијата на фустани во живо, случајно откриени тела, јавни несреќи – публиката ретко ги гледа тие сцени без цензура. Еве ги најнезгодните моменти на корејските модели кои го шокираа интернетот и долго ги следеа нивните кариери!

Скандалозните и најнезгодни моменти на корејските модели на црвениот тепих

Ан Ин Џин

Во ноември минатата година, актерката Ан Ин Џин стана центар на внимание поради својот фустан на церемонијата Blue Dragon Film Awards. Таа блескаше во бел фустан без бретели и со сјајни декорации, но токму поради тоа, на патот до фотозоната фустанот почна да се спушта– се појави лепенката со која беше зацврстена градата, а на крајот, горниот дел ѝ беше речиси целосно откриен. Водителките веднаш реагираа, покривајќи ја со картони додека таа набрзина го намести фустанот. Ин Џин успеа да издржи и со достоинство да заврши пред јавноста, но оваа ноќ засекогаш ќе ја памети како непријатна.

Ан Ин Џин

Јо Мин Џон

Слична ситуација се случи и со Јо Мин Џон, но овојпат многумина веруваат дека инцидентот бил намерно испровоциран. Настанот се случи во 2013 година, на Меѓународниот фестивал на фантастичен филм во Пучхон, и буквално ѝ ја промени кариерата. Мин Џон веќе имаше контроверзна репутација поради учеството во еротски филмови, но скандалот на црвениот килим ѝ донесе вистински медиумски бум. Додека чекорела по килимот, публиката забележала дека високото странично засекување на фустанот открило дел од нејзината долна. Но тоа не било сè — неколку моменти подоцна, прерамката на фустанот се одврзала и ѝ ја открила градата пред камерите, во живо. И покрај ситуацијата, Мин Џон останала прибрана и едноставно го наместила фустанот, но јавноста реагирала бурно – многумина сметале дека инцидентот бил исцениран. Дури седум години подоцна, во едно ток-шоу, Мин Џон конечно објаснила дека ништо не било намерно и дека едноставно не забележала дека прерамката се спуштила, бидејќи била преокупирана со позирање.

Јо Мин Џон

Пак Су Бин

Во 2010 година, и актерката Пак Су Бин доживеа непријатност на црвениот килим. Таа се појави во елегантен црн фустан, но во еден момент фустанот случајно се закачи на подот, и лепливата лента што го држеше горниот дел на место се одлепи — при што ѝ се открила градата. Интернетот експлодираше од реакции и фотографии, што само ја зголеми нејзината непријатност. Подоцна изјави: „Жал ми е што интернетот е преполн со фотографии од таа грешка, наместо со мои вистински професионални моменти. Ќе се потрудам следниот пат да бидам беспрекорна.“ Со доза на хумор додаде дека е барем среќна што не паднала, „зашто тогаш никој немаше да сака да се ожени со мене“. Субин ги покажа зрелоста и храброста во непријатна ситуација, но интернетот не заборави.

Пак Су Бин

Ха На Ген

Во 2012 година, актерката Ха На Ген исто така доживеа непријатен момент на 33. церемонија на наградите „Blue Dragon Film Awards“. Додека чекорела по црвениот килим, се сопна и падна – пад што изгледаше симпатично, но за жал ѝ ја откри градата пред камерите. Наместо поддршка, таа доби лавина критики. Многумина ја обвинија дека намерно паднала за да привлече внимание. Под притисок, актерката се извини преку Твитер: „Најпрво, сакам да се извинам за тоа што се случи синоќа. Бев толку возбудена што не забележав дека се лизгам и предизвикав непријатност. Ветувам дека ќе бидам повнимателна.“ Со тек на време инцидентот се заборави, но фотографиите останаа на интернет засекогаш.

Ха На Ген