Скандалозен момент на семејна вечера: Дејвид Бекам ја „зграпчи“ Викторија за задникот, додека Бруклин и Никол сè уште остануваат оддалечени од сите
Семејната хармонија кај Бекамови беше нарушена од еден неочекуван гест! За време на вечерата во Портофино, Дејвид Бекам нескромно ја фати Викторија за задникот. Папараците не останаа имуни на овој момент.
In This Article:
Дејвид и Викторија си уживаат на јахта, Бруклин и Никол блескаат во свој свет и избегнуваат дружење со семејството
Додека Дејвид и Викторија, заедно со децата Ромео, Круз и Харпер пловат по медитеранските води и се фотографираат во романтични моменти, најстариот син Бруклин и неговата сопруга Никол Пелц уживаат на луксузна јахта вредна 100 милиони евра и одбија да се придружат на семејното патување и сè повеќе се оддалечуваат од родителите.
Гламур и тензија на вечерата
Викторија бликаше со во црн фустан со гол грб и златни штикли, а Дејвид доминираше во сина кошула со крем панталони. Круз дојде со девојката Џеки Апостел, а нив Италија им се чини како сценографија за романса и гламур. Сем Круз и Џеки се галеа, ем наздравуваа од иста чаша, но Бруклин зборува повеќе од сите со неговата отсутност.
Семејната драма не попушта
Додека остатокот од Бекамови споделуваат вицеви и залези на сонцето, Бруклин и Никол си ја слават третата годишнина со нови брачни ветувања, далеку од Европа. Семејството тлее во поларна клима – Викторија го поддржува синот на Инстаграм само ако не е со Никол, Дејвид прави мали отстапки со лајк, но дистанцата и напнатоста меѓу двете страни се очигледни.
Викторија и Дејвид внимателно го следат Бруклин, но не и Никол
Во последните три недели, Викторија ставила лајк на секој пост на Бруклин што не ја вклучува Никол, додека објавите каде е со сопругата не ги допира. Ниту Никол, ниту Бруклин не ги лајкнале нејзините објави. Социјалните мрежи се новото бојно поле за ова семејно ривалство, а секој лајк – или неговото отсуство – кажува повеќе од илјада зборови.