No Image x 0.00 + POST No Image

Двајца транвестити им организирале „едукативно“ читање на деца во библиотека - родителите бесни сакале само да си ги „спасат“ малечките

SHARE
25

Двајца транвестити беа принудени да ја напуштат јавната библиотека во Белфаст под полициска придружба, откако разгневени родители и граѓани протестираа со зборови „оставете ги децата на мир“. Настанот беше наменет за деца, што предизвика широки реакции и дебата за границите и природата на вакви едукативни активности.

Двајца транвестити им организирале „едукативно“ читање на деца во библиотека - родителите бесни сакале само да си ги „спасат“ малечките

„Драг Квин Стори Тајм“ во Белфаст: Програма наводно за „вклучување и индивидуалност“, но незгодна за млади умови

Настанот, промовиран како „погоден за сите возрасти и семејства“, ја вклучуваше Леди Порша Ди'Монте и Мис Дора Бел. Тие читаа класични детски книги и изведуваа пеење и танц пред млада публика. Организаторите настојуваа на пораки за прифаќање и различност, но за повеќето родители тоа беше премногу контроверзно за нивните деца.

„Драг Квин Стори Тајм“ во Белфаст: Програма наводно за „вклучување и индивидуалност“, но незгодна за млади умови

Протести и интервенција од полицијата

Надвор од библиотеката се собраа родители кои гласно извикуваа „срам да ви е“ и „оставете ги децата на мира“. Повикаа полиција, која ги одведе драг-кралиците за да го спречи нарушувањето на редот. Видеото од инцидентот покажа како неколку полицајци ги придружуваат гостите, што дополнително ги засили реакциите на јавноста и ги подели политичарите.

Протести и интервенција од полицијата

Властите остро реагираат: Настанот не е „соодветен за деца“

Министерот за заедници во Ирска, Гордон Лајонс, изјави дека настанот не требало да се одржи и дека јавните библиотеки мора да останат безбеден простор за сите. Тој ја критикуваше одлуката да се организира ваков настан за деца. Друг политичар додаде дека драг перформансот по својата природа е сексуализирана пародија и местото му е само во светот на возрасните.

Властите остро реагираат: Настанот не е „соодветен за деца“

Провокација за општеството

Инцидентот отвори нова дебата: како треба да изгледа современото образование и кои се границите на толеранцијата кога се работи за младите? Многу луѓе сметаат дека ваквите настани не се само непотребни, туку и штетни за воспитување на децата и дека културните вредности и јавните институции мора да се заштитат.

Провокација за општеството