No Image x 0.00 + POST No Image

Секси фотосесија ја однесе инфлуенсерката во болница: „Престанав да го чувствувам задникот“

SHARE
32

Бразилската инфлуенсерка Равена Ханиели заврши во болница откако добила смрзнатини на задникот поради екстремно студена фотосесија во Шпанија. „Воопшто не го чувствував задникот – не можев ни да седнам“, изјави 24-годишната Равена за Jam Press. Поранешната моделка на Playboy, позната по тоа што потрошила 19.000 долари за „операција на хименот за да стане повторно девица“, редовно објавува провокативни фотографии од егзотични дестинации за своите над 267.000 следбеници на Инстаграм.

Секси фотосесија ја однесе инфлуенсерката во болница: „Престанав да го чувствувам задникот“

Бикини среде снег – не баш добра идеја

Овојпат, за време на одмор во скијачкиот центар Сиера Невада во Шпанија, решила да се слика во бикини и покрај тоа што температурата паднала до -10°C. „Сакав нешто незаборавно и различно,“ се пофали таа. „Долго местев сцена, светло, и пози за совршен кадар.“ Но, студеното време брзо го направило своето – кожата почнала да ѝ трне, особено на задникот. „На почетокот беше издржливо, ама телото ми почна да се стега. Буквално си го смрзнував газот,“ раскажа инфлуенсерката.

Бикини среде снег – не баш добра идеја

Итна реакција поради замрзнување

Кога конечно изгубила целосна осетливост на задникот, се исплашила и отишла директно во болница. Таму лекарите ѝ објасниле дека долготрајна изложеност на студ може да предизвика локална хипотермија и дури и трајно оштетување на ткивото. Според Кливлендската клиника, смрзнатини можат да се појават и на температура под 0°C и се манифестираат со болка, оток, пецкање, плускавци и промена на бојата на кожата.

Итна реакција поради замрзнување

Лекција по цена на здравјето

Во ретроспектива, Ханиели признава дека претерувала: „Сè си испланирав, ама не ја проценив сериозноста на студот.“ Сега ја користи ситуацијата како предупредување за сите што сакаат „да следат трендови без подготовка“. „Толку се занесуваме со идеите, што ги забораваме ризиците. Сликите испаднаа убави, ама цената беше висока.“ Инаку, ова не е прв нејзин необичен потег – претходно откри дека потрошила над 51.000 долари на естетски операции за да изгледа како „WAG“ – термин за сопруги и девојки на спортисти – тврдејќи дека така добивала ВИП пристапи и бесплатни апгрејди во хотели.

 Лекција по цена на здравјето