No Image x 0.00 + POST No Image

Секој трет сопственик на миленик би излегол на состанок со човечката верзија на своето животно!

SHARE
23

Како што генеративната вештачка интелигенција добива сѐ поголема улога во секојдневниот живот, се појавуваат и чудни трендови на социјалните мрежи. Последниот во низата: сопственици на миленици користат ChatGPT за да си ги претстават кучињата како луѓе… и велат дека би излегле на состанок со нив!

Секој трет сопственик на миленик би излегол на состанок со човечката верзија на своето животно!

Истражување: 31% од испитаниците би излегле на состанок со човечката верзија на својот миленик

Анкетата на MetLife, спроведена меѓу 1.000 лица, открива колку силно се врзани луѓето за своите миленици. Од оние кои го познаваат трендот на антропоморфизација, 31% признаваат дека би излегле на состанок со човечката верзија на своето животно. Милениумците (34%), генерацијата Х (33%) и беби-бумерите (33%) се најотворени за идејата да излегуваат со својот миленик во човечки облик. Генерацијата Z сепак многу поретко се согласуваат со тоа – само 24%.

Истражување: 31% од испитаниците би излегле на состанок со човечката верзија на својот миленик

За речиси 40% нивниот миленик би бил „црвено знаме“ како човек, но љубовта е не бира

Покрај романтичните идеи, 40% од љубителите на животни признаваат дека нивниот миленик како човек би бил вистинско „црвено знаме“ поради карактеристиките што не ги одобруваат кај него. Сепак, тие остануваат неизмерно приврзани, што според експертите е засилено чувство после пандемијата.

За речиси 40% нивниот миленик би бил „црвено знаме“ како човек, но љубовта е не бира

87% би се откажале од станот од соништата ако не е дозволен за миленици

Дури 87% од сопствениците на миленици би се откажале од станот од соништата ако не е дозволен престој на нивниот миленик. Вредноста на милениците за сопствениците е споредлива со блискоста со семејството и бракот. Дури 77% велат дека добиваат подобра емоционална поддршка од миленикот отколку од поранешениот партнер.

87% би се откажале од станот од соништата ако не е дозволен за миленици