Сега повеќе немате изгово: Од денес достапни за граѓаните пристигнаа новите 100 амбулантни возила
Во македонското здравство од денес почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила. Веста ја објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил, најавувајќи дека возилата стануваат достапни за граѓаните.
„Од денес достапни за граѓаните“ напиша Мицкоски во објавата
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека започнува реализацијата на проектот во здравствениот систем. „Од денес достапни за граѓаните. Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство“ – објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Промоцијата е закажана на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“
Како што е најавено, премиерот денес ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила. Настанот треба да се одржи на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, каде што, според информациите од владината прес-служба, е предвидено премиерот да даде изјава за медиумите.