Инфлуенсерка го исполепи цело тело со сликички од Светското првенство, а еве кој го доби интимното место
Победничката на Мис Бумбум, Керолај Чавес, се покри од глава до петици со фудбалски сликички за фотосесија посветена на Светското првенство. Бразилската инфлуенсерка сака, како што вели, да му донесе срека на Винисиус Жуниор и на неговиот тим, откако му го даде наjвпечатливото место на своето тело во нејзиниот необичен „жив албум“ со наjдобрите фудбалери во светот.
In This Article:
Во Минас Жераис почна кандидатурата за Музата на Светското првенство
Фотосесијата беше направена во државата Минас Жераис, во југоисточен Бразил, каде 25-годишната инфлуенсерка ја започна својата кампања за титулата Музата на Светското првенство. На снимката се гледа Керолај во тесна обвивка од фудбалски сликички, со Винисиус Жуниор поставен над нејзината интимна зона, додека Роналдо, Лионел Меси и Рафиња се меѓу играчите употребени за покривање на нејзините гради.
„Го избрав Винисиус Јр. за делот од моето тело што го сакам наjмногу“
Керолај подоцна објасни дека Винисиус го добил истакнатото место бидејки е еден од фудбалерите на кои наjмногу им се восхитува. Таа рече: „Го избрав Винисиус Јр. за делот од моето тело што го сакам наjмногу затоа што е еден од играчите на кои наjмногу им се восхитувам. Верував дека тоа може да му донесе среќа за време на натпреварите, речиси како амајлија.“
Наместо дрес и топка, таа направи човечка верзија на албум за Светско првенство
Моделката поминала околу седум часа нанесувајки фудбалски сликички на кожата, како дел од проект што го опиша како прв жив албум со сликички од Светско првенство во светот. Организаторите на натпреварот Мис Бумбум ги предизвикале натпреварувачките да ја претстават својата кандидатура за титулата Музата на Светското првенство, па Керолај го развила необичниот концепт. Таа рече дека намерно ги одбила потрадиционалните фотосесии со фудбалска тема. „Не сакав да носам дрес или да позирам со фудбалска топка. Сакав да создадам нешто што никој никогаш претходно не го направил,“ рече таа.
Секоја сликичка имала цел, а изборот на играчите бил наjтешкиот дел
Инфлуенсерката избрала играчи од различни генерации во историјата на Светското првенство и кажа дека секоја сликичка била поставена со конкретна намена. Според Керолај, целта била да создаде човечка верзија на колекционерски албум од Светското првенство, при што различни делови од нејзиното тело претставувале различни ери од турнирот. Таа рече дека изборот на фудбалерите бил еден од наjтешките делови на проектот. „Сакав внимателно да изберам точно кои играчи ке се појават и кои сликички навистина ми значат. Имаше репрезентации што апсолутно сакав да ги вклучам и играчи што едноставно мораа да бидат таму,“ рече таа. Трансформацијата траела седум часа и резултирала со целосен приказ на телото со фудбалски сликички. Керолај рече дека проектот од натпреварувачка пријава прераснал во лична почит кон спортот. „Ако целта беше да се привлече внимание кон мојата кандидатура, мислам дека успеа,“ рече таа.