No Image x 0.00 + POST No Image

Се гушела од алергиски шок по убод од оса, а лекарите ѝ побарале 400 долари пред да ѝ дадат инјекција

SHARE
0

Случајот на 53-годишната Стефани Роуел од Вирџинија ја отвори една од најтешките дилеми во американското здравство: што се случува кога животоспасувачка терапија се условува со плаќање во момент кога пациентот едвај дише. Во приватен центар за итна медицинска нега, додека била среде тежок анафилактички шок по убод од оса, од неа било побарано прво да плати за епинефринска инјекција EpiPen. Таа тврди дека инјекцијата не ѝ била дадена додека наплатата не поминала успешно.

Се гушела од алергиски шок по убод од оса, а лекарите ѝ побарале 400 долари пред да ѝ дадат инјекција

На половина пат до болницата, татко ѝ запрел пред TruHealthNow во Перселвил

Инцидентот почнал пред куќата на нејзините родители во Вирџинија. Стефани стоела на тремот кога ненадејно ја каснала оса. За само неколку минути раката силно ѝ отекла и поцрвенела, а неподносливото чешање и отокот брзо се прошириле кон вратот и лицето. Кога дишните патишта почнале да ѝ се блокираат, татко ѝ веднаш ја качил во автомобил и тргнал кон најблиската болница, оддалечена околу 25 минути возење. Но состојбата се влошувала толку брзо што сфатиле дека можеби нема да стигнат навреме. Затоа застанале во приватниот центар за итна медицинска нега „TruHealthNow“. Дежурната медицинска сестра веднаш констатирала анафилакса — исклучително опасна алергиска реакција која може да биде фатална за неколку минути ако не се даде епинефрин.

На половина пат до болницата, татко ѝ запрел пред TruHealthNow во Перселвил

Сметката пораснала на над 600 долари, а одговорот бил „таква е политиката на куќата“

Сестрата ѝ кажала дека мора веднаш да прими доза епинефрин за да ѝ се отворат дишните патишта. Но наместо инјекцијата да биде дадена веднаш, во собата влегла медицинска асистентка со терминал за картички. Пациентката била известена дека инјекцијата чини точно 400 долари и дека, бидејќи во тој момент немала приватно здравствено осигурување, мора веднаш да ја плати целата сума од сопствен џеб. Роуел сведочи дека персоналот одбил да ѝ ја даде инјекцијата сè додека трансакцијата не поминала успешно на картичката. На крајот, вкупниот цех достигнал над 600 долари: 400 долари за ампулата со лекот, 45 долари за самата процедура на боцкање и 165 долари за основниот преглед во амбулантата. „Ги погледнав преплашена и ги прашав: ’Ако ги немав овие пари со мене, навистина ли едноставно ќе ме оставевте да умрам тука на подот?‘“, раскажува потресената Стефани за „KFF Health News“. „Персоналот само ми одговори: ’Жалиме, но таква е политиката на куќата‘.“ Таа нагласува дека проблемот не бил само во цената, туку во односот: терапија за спасување човечки живот била условена со плаќање додека таа едвај земала воздух.

Сметката пораснала на над 600 долари, а одговорот бил „таква е политиката на куќата“

Директорот рече „прво терапијата“, сопругата тврдеше дека пациентката била „стабилна“

Откако случајот стана јавен и предизвика лавина од гневни реакции, директорот на „TruHealthNow“, Прит Такхар, се обиде да се оправда. Тој тврдеше дека официјалната политика на клиниката всушност налагала „прво да се даде терапијата, а за парите да се мисли подоцна“. Но неговата сопруга Манбир Такхар, која е медицински директор на синџирот клиники, даде спротивна изјава. Таа ја бранеше постапката на вработените со тврдење дека од пациентката било побарано прво да плати затоа што во моментот на влегувањето наводно била „стабилна“. Тој став предизвика дополнителен револт, бидејќи анафилактичкиот шок е состојба што според медицинските протоколи може да премине во фатален асфиксичен колапс за помалку од неколку секунди.

Директорот рече „прво терапијата“, сопругата тврдеше дека пациентката била „стабилна“

-->