„Само сакаше да ме тестира“ - Мажите употребуваат чудни практики за да дознаат дали жената е со него само за парите
Сè повеќе мажи прибегнуваат кон необични и често понижувачки „тестови“ за да проверат дали жената со која излегуваат е заинтересирана за нив – или за нивниот паричник. Жените кои се среќаваат со вакви сценарија, како што може да се очекува, не реагираат баш воодушевено.
Сметка од 100 долари и непотребен тест на првиот состанок
29-годишна девојка раскажа на Reddit како отишла на состанок преку заеднички пријател. Сè изгледало пријатно додека не стигнала сметката – околу 100 долари. Таа објаснува дека имала намера да ја подели сметката, но останала изненадена кога тој ѝ ја подал целата и ѝ рекол да плати сама. Иако збунета, се согласила. „Веднаш штом платив, се насмевна и рече: ‘Честитки, го положи тестот! Не си gold digger’“, напиша таа. Тој ѝ признал дека во минатото бил со жена која очекувала сè да плаќа, па сега се „осигурувал“. Таа му одговорила дека не е негова бивша, и дека нема потреба да се третира како виновна додека не се докаже спротивното: „Не си никаква награда за која треба да положам тест.“ Корисниците на Reddit ја поддржаа и жестоко го осудија мажот. „Да, тоа беше тест – за да види колку може да те понижи. Од тука само ќе биде полошо“, напиша еден коментатор.
Лажен идентиет и „проверка на интереси“ преку скромна професија
Во сличен случај, друга жена сподели приказна за состанок преку апликација. Дечкото ѝ кажал дека е дрводелец со ниски примања. Подоцна ѝ признал дека всушност не е – само сакал да види дали таа е заинтересирана само за мажи со пари. И тука Reddit заедницата беше безмилосна: „Значи, сака да почне врска со лага. Тоа е срање.“ Друг коментар вели: „Овој човек има емотивен багаж со кој не мораш да се носиш.“ Многумина забележаа и иронијата во изборот на „професија за прикривање“ – дрводелец, која може да биде доста профитабилна ако си добар во занаетот.