No Image x 0.00 + POST No Image

Само оваа програма за перење ви е потребна– заборавете ги сите други! Експерт за перење открива како да заштедите време, пари и облека

SHARE
20

Која програма на машината за перење е најдобра? Деликатни, памук, интензивно, кратко, рачно... изборот е бескраен, а збунетоста уште поголема. Но, според атрик Ричардсон, познат како ‘Laundry Guy’, сè што ви треба е само една единствена програма, за било кое парче облека да го извадите совршено чисто.

Само оваа програма за перење ви е потребна– заборавете ги сите други! Експерт за перење открива како да заштедите време, пари и облека

Зошто повеќето програми за перење се непотребни?

Порано облеката се перела со раце—денес имаме моќни машини со безброј можности. Но, Патрик вели: „Сите тие програми постојат бидејќи постоеле и претходно. Во 70-тите биле потребни тие програми поради ткаенините и технологијата, ама денес не ви требаат! Ако можев да дизајнирам машина, таа би имала само едно копче — топла вода и 'експрес' програма!“

Зошто повеќето програми за перење се непотребни?

Експрес програмата чисти сè, штити ткаенини и штеди ресурси: научно докажано

Ричардсон, врз основа на истражување додека ја пишувал книгата „Laundry Love“, заклучил дека дури и највалканата облека се мие доволно на експрес (брза, 30-минутна) програма. Подолгите програми, напротив, ја оштетуваат облеката, трошат повеќе вода и струја и се непотребно оптоварување. Со изборот на експрес програма, не само што штедите време, туку го штитите и вашиот дом и планета.

Експрес програмата чисти сè, штити ткаенини и штеди ресурси: научно докажано

Како правилно да користите 'експрес' програма за најдобри резултати и здравје на машината

Добро е да знаете: наполнете ја машината само до пола и користете половина од препорачаната количина течен детергент, бидејќи експрес програмата користи помалку вода. За да избегнете непријатна миризба од мувла, еднаш на неколку недели, пуштете ја машината празна на највисока температура (без детергент), а редовно исчистете ја фиоката за детергент.

Како правилно да користите 'експрес' програма за најдобри резултати и здравје на машината

Трикот со детергент и тајната за уште поефикасно перење

Производителите на детергенти советуваат да го наполните целото капаче, но Ричардсон вели: „Ви се потребни само две лажици! Така не само што ќе трае подолго детергентот, туку и облеката ќе остане поубава.“ Дополнителен совет: за миење, често доволно е само сапун за садови наместо скапите средства. Подобро, поедноставно, поекономично!

Трикот со детергент и тајната за уште поефикасно перење