No Image x 0.00 + POST No Image

Русија почна со производство на најновите суперсонични ракети и ги распоредува во Белорусија – светот на раб на нова трка во вооружување

SHARE
23

Владимир Путин официјално објави дека Русија веќе ги има произведено и воената служба ги има примено најновите суперсонични ракети „Орешник“, со план тие да се постават во Белорусија до крајот на оваа година. Новата генерација на оружје ќе биде стационирана на територијата на сојузникот Белорусија, што претставува драматично проширување на воената моќ на Москва во регионот.

Русија почна со производство на најновите суперсонични ракети и ги распоредува во Белорусија – светот на раб на нова трка во вооружување

Путин и Лукашенко заеднички ја координираат новата воена фаза во Белорусија

За време на средбата на островот Валаам, рускиот претседател и неговиот белоруски сојузник објавија дека се избрани локациите каде што ќе се распоредат системите „Орешник“ во Белорусија. Путин ги потенцираше „импресивните способности“ на новите ракети и додаде дека подготовките се во финална фаза, со серија од ракети кои веќе се во служба.

Путин и Лукашенко заеднички ја координираат новата воена фаза во Белорусија

Орешник – ракетата која може да ја промени рамнотежата на силите во Европа

Ракетата „Орешник“, што првпат беше употребена против Украина, носи повеќе боеви глави способни да ги погодат целите со брзина до Маш 10. Според Путин, оваа ракета практично е неуништлива и има моќ која може да се споредува со нуклеарна експлозија, дури и кога се користи конвенционално оружје. Ваквата технологија значително ги проширува руските капацитети за напаѓање цели низ цела Европа.

Орешник – ракетата која може да ја промени рамнотежата на силите во Европа

Белорусија станува руски воен бастион – тактичко нуклеарно оружје поблиску до Европа

Распоредувањето на ова оружје во Белорусија, која има заедничка граница со Украина долга 1.084 километри, и обновената нуклеарна доктрина на Русија, се закана за НАТО и Источна Европа. Со потпишување на безбедносен договор минатиот есен, Белорусија влегува под руската нуклеарна заштита, а својата територија ја става на располагање на руските сили.

Белорусија станува руски воен бастион – тактичко нуклеарно оружје поблиску до Европа

Новата реалност: Русија ја снижува границата за употреба на нуклеарно оружје

Новата руска стратегија сега дозволува и воен одговор со нуклеарно оружје не само на напад со нуклеарни или други средства за масовно уништување, туку и на „агресија против Русија или Белорусија која го загрозува нивниот суверенитет или територијална целовитост“. Ова преставува потенцијална опасност за сите во регионот и сериозно ги менува правилата на играта во Европа.

Новата реалност: Русија ја снижува границата за употреба на нуклеарно оружје