No Image x 0.00 + POST No Image

Родителите почесто се расправаат со децата околу времето поминато пред екран отколку околу социјалните активности – живееме во свет каде технологијата внесува раздор во семејството

SHARE
25

Ново истражување открива дека девет од десет родители водат постојани расправии со своите деца околу користењето на технологијата — половина од нив велат дека оваа тема се отвора најмалку еднаш неделно. Огромното мнозинство деца потврдува дека овие расправии се секојдневие, а главните причини се прекумерно време пред екран, телефони во кревет и пристап до содржини кои не се за нивните години.

Родителите почесто се расправаат со децата околу времето поминато пред екран отколку околу социјалните активности – живееме во свет каде технологијата внесува раздор во семејството

Расправии поради предолгото време пред екран: речиси половина од родителите се жалат на оваа реалност

Најчестите причини за расправии околу дигиталните уреди се премногу време пред екран (46%) и користење на телефон во кревет (40%). За многу семејства, расправиите се поттикнуваат и од игри (28%), користење уреди за време на оброци или семејно време (28%), гледање или вклученост со несоодветни содржини (25%) и користење на социјални мрежи (25%). Најмалку 56% од родителите веруваат дека нивното дете минува премногу време на интернет надвор од училиштето.

Расправии поради предолгото време пред екран: речиси половина од родителите се жалат на оваа реалност

Технологијата остава траги врз емоциите на децата, а родителите чувствуваат дека не можат секогаш да ја контролираат ситуацијата

46% од родителите сметаат дека технологијата негативно влијаела врз емоциите на нивните деца. Дури и кога најголем дел од родителите мислат дека се ‘технолошки писмени’ за да разговараат за ризиците и да го следат дигиталното однесување на своите деца, 59% од децата признаваат дека во изминатава година виделе екстремно насилни видеа, тешки повреди или смрт на интернет.

Технологијата остава траги врз емоциите на децата, а родителите чувствуваат дека не можат секогаш да ја контролираат ситуацијата

Родителите воведуваат строги правила за интернет дома, но казните не се трајно решение за дигиталната зависност

95% од родителите имаат воспоставено правила за користење интернет дома, како што се: секоја дигитална набавка да биде одобрена од родител (64%), ограничување на времето на уреди (50%), нема уреди пред да се завршат домашните задачи и обврски (49%), родителите да ги знаат сите лозинки (47%), забрана за социјални мрежи до одреденa возраст (43%), забрана за уреди кога целото семејство е заедно (39%), без Wi-Fi во одредени периоди од денот (19%). Кога правилата се прекршат, 66% од родителите ги одземаат уредите, 42% го намалуваат времето пред екран, а 34% проверуваат дали детето се соочува со некоја потешкотија.

Родителите воведуваат строги правила за интернет дома, но казните не се трајно решение за дигиталната зависност

Расправиите најчесто завршуваат со одземање на уредите – децата се воглавно лути, но сепак разбираат зошто родителите се грижат

71% од децата сметаат дека родителите се доволно информирани за онлајн безбедноста. Сепак, 25% велат дека нивните родители се премногу строги, а 4% сметаат дека се премногу лабави. 38% од децата се соочуваат со одземање на уред најмалку еднаш месечно - тоа ги тера да се чувствуваат фрустрирани (56%) или изнервирани (50%). Половина од децата признаваат дека и од нивна перспектива, кога би биле родители, би биле загрижени за онлајн активностите на своите деца. Д-р Скот Колинс, главен медицински директор во Aura изјави: “Децата се воведуваат во дигиталниот свет многу рано, а родителите се наоѓаат во конфузна ситуација додека се обидуваат да ги водат низ тие предизвици. При создавање здрави дигитални навики, не е доволна само казната или рестрикцијата. Потребно е да ги научиме децата како да се регулираат себеси, кога да го исклучат телефонот и да се поврзат со семејството во реалниот свет. Овие навики се создаваат дома.”

Расправиите најчесто завршуваат со одземање на уредите – децата се воглавно лути, но сепак разбираат зошто родителите се грижат

Родителските доживувања низ генерациите: Старите и новите технологии носат различни причини за несогласување

Искуствата се менуваат со секоја генерација. Како што сведочи еден родител: „Нашата ќерка немаше мобилен додека не наполни 17 години и тоа беше најдобрата одлука за нас како родители. Таа беше учена дома, надвор од социјалните мрежи и денес ни се заблагодарува.“ Друг коментар открива: „Мојот татко ми кажуваше дека најголемите караници со баба ми и дедо ми биле поради тоа што сакал Битлси-фризура и шарена кошула, а баба ми и дедо ми не прифаќаа.“ Отсекогаш имало нешто што го раздвојувало детскиот и родителскиот свет – денес тоа е екранот.

Родителските доживувања низ генерациите: Старите и новите технологии носат различни причини за несогласување